Замислете секое утро кога ќе се разбудите, некоја банка на вашата сметка става точно 86.400 денари. Што би направиле?
Првото правило гласи: Сè што не сте успеале да го потрошите во текот на денот вечерта ви се одзема. Не смеете да лажете, ниту да ги префрлате парите на друга сметка. Имате право да ги потрошите исклучиво во текот на тој ист ден, но не заборавајте дека секое утро кога ќе ги отворите очите банката ви дава на сметка нови 86.400 денари за тој ден и така секој ден.
Второ правило: Банката може да ја прекине таа ‘игра’ без никакво предупредување. Во било кој момент може да ве извести дека сè е завршено и дека сметката дефенитивно се затвора. Без сомнение добиените пари ќе ги трошите на забава и купување подароци на оние кои ги сакате. Ќе се трудите секој денар да ви донесе среќа и задоволство.
Па каде има таква банка?
Таа чудна банка ја имаме сите ние на располагање. Тое е времето! Секое утро кога ќе се рабудиме, нашата банка на животот ни отвора сметка со 86.400 секунди од животот. Сè она што не сме го доживеале тој ден – изгубено е! Вчерашниот ден засекогаш е поминат.
И секое следно утро таа чудесност се повторува. Затоа да не го заборавиме важнто правило дека банката може да ја затвори сметката секој момент, без предупредување. Во било кој момент нашиот живот може да запред. Како вие ги искористувате вашите 86.400 секунди на ден?
Кога товарот ќе се потопи во вода, тогаш ја губи тежината. А кога крстот ќе се потпи со љубов тој навистина ја губи својата тежина.