Семејството е иднината на човештвото

Семејството е иднината на човештвото

Што можеме да очекуваме за семејството? Во нашето време постои голема потреба за семејство што значи ние се уште очекуваме многу од него. Како и да е, се поставува прашањето дали ова очекување е добро основано? Голема е болката кога мислиме на кризата на бројните скршени семејства, алармантното опаѓање на раѓања во многу земји, на децата кои не се прифатени или не растат со своите родители……Ова не принудува обратно да го поставиме прашањето: На кој треба семејството да си ја базира својата надеж? Што ја крепи оваа голема потреба, копнеж кој гори во многу срца? Овие прашања се исто така за нас христијаните предизвик: Може ли или смее семејството својата надеж да ја полага во Црквата? И што може да очекува едно семејство од Црквата?

Црквата и семејството: Коработ на Ное

Библиската случка за Ное всушност е извештај за семејството. Господ не спасува само една индивидуа. Се работи за Ное, за неговата жена, неговите синови и неговите снаи. Обликот на коработ не е како на брод, туку на куќа, симбол на семејството (1 Мојсеева, 6:15), како што е прикажана во христијанската уметност.

Црквата, како што е коработ на Ное, може да понуди надеж на сите семејства и на сите од општеството во овие бурни времиња на постмодерното време. Црквата ги признава слабостите на некои нејзини членови и ја нагласува потребата за нивна промена. Таа е повикана да ја држи пред себе исправено конкретната присутност на Христовата љубов, која живее и делува преку светите таинства и која на„ коработ“ му дава повторно нова структура и динамичност и сила да „плови“ по езерото. Клучно е при тоа да се развива „еклезијална култура на семејството“, која би требало да биде „култура на светотаинскиот сојуз“. Како и да е, ова не е така мал предизвик.

Исто така еден многу опасен предизвик постои во различните облици на „половата идеологија“, која ја „негира различноста и реципрочноста во природата кај мажот и жената и предвидува заедница без полови разлики, притоа елиминирајќи ја антрополошката основа на семејството.“

Црквата во служба на семејството

Папата Иван Павле II во неговиот апостолски поттик „Familiaris Consortio (1981) го напиша следново: „Иднината на човештвото оди преку патот на семејството. Затоа е неминовно и итно, секој човек со добра волја да се потруди да ги спаси и негува вредностите и потребите на семејството“.

Оваа изјава и сега е вистинска и релевантна како што беше и пред повеќе од триесет години; всушност, многу од предизвиците, пред кои стои нашето друштво, можат да бидат препишани на опаѓањето на вредностите на семејството, бидејќи семејството „е основната клетка на општеството“. Тоа е изворот на животот и љубовта, местото во кое индивидуата се раѓа и расте“.

Многу повеќе, свети Иван Павле додава: „Знаејќи дека бракот и семејството претставуваат една од најдрагоцените човечки богатства, Црквата сака да зборува и ја пружа својата помош на оние кои се веќе свесни на богатството на бракот и семејството и бара да живеат веродостојно. Исто така таа ја нуди својата помош и на оние кои се несигурни и загрижени и кои ја бараат вистината. Исто така и на оние кои се неправедно спречени да ги живеат слободно своите семејни животи. Подржувајќи го првото, разјаснувајќи го второто и помагајќи го останатото, Црквата ја дава својата помош на секој човек кој прашува за целта на бракот и семејството. На посебен начин таа ги повикува младите, кои го почнуваат својот пат кон бракот и семејниот живот, сѐ со цел да им покаже нови хоризонти, помагајќи им притоа да ја откријат убавината и големината на повикот да сакаат и да му служат на животот.“.

Семејството како домашна Црква

Со право можеме да го наречеме семејството како “домашна црква“ (Lumen Gentium), како што направија некои црковни отци. Ова не е едноставно реторички поим; тоа се темели на историски новозаветната идеа на „oikos“ (куќа), која го опишува искуството на првите христијански заедници. “Христијанското семејство настанува од бракот, кој е слика и соучесништво во сојузот на љубовта помеѓу Христос и Црквата; христијанското семејство сака на сите да им ја открие живата присутност Христова во светот и вистинската природа на Црквата, како со љубовта на сопружниците, со несебична плодност, со единство и верност, така и со лубезната соработка на сите нејзини членови“.(Gaudium et spes 48).

Кој останува во љубовта, останува во Бога

Јосиф Рацингер, како надбискуп на Минхен, има напишано некои прекрасни изјави за бракот и семејството во 1980 година.

Во неговото Pасторално писмо насловено како: Кој останува во љубовта; слово за бракот, користи една рабинска игра на зборови со длабоко теолошко значење: Еврејските зборови за „маж“ и „жена“, ги содржат заедно двете букви кои го означуваат зборот “оган„. Секој од овие зборови исто така има буква во себе која ја нема другиот збор. Ако се комбинираат овие две букви, тогаш ја добиваме кратенката на Божјето Име(ЈХ). За теологот Рацингер ова значи: kаде што мажот и жената се предаваат еден на друг таму е присутен Бог. Каде што тие остануваат во себе, таму е оган. Ако сопругата и сопругот се достојни, тогаш Господ живее во нив; ако пак не се достојни тогаш тие изгоруваат од оганот.“

За Католици.мк проф. Антон Штрукељ, Љублана, Словенија

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Семејство

За авторот