Чудесно оздравување на маж по застапништво на Мајка Тереза
Папата Фрањо на 17 декември го призна чудото по застапништво на блажена Мајка Тереза и така ја отвори вратата за канонизација на блажената, која ќе се случи следната година.
На самиот почеток наведено е дека чудесното оздравување по застапништво на Мајка Тереза се случило во Бразил и дека е излекуван маж кој бил болен од тешка болест на мозокот. Сега медиумите откриваат и повеќе детали за околностите при кои се случило ова чудо, па за него, за Радио Ватикан проговори отец Каетано Рици од епархискиот суд на бразилскиот град Сантош кој беше одговорен за целиот случај на чудото. Тој раскажа како дошло до оздравувањето на човекот за кој се мислеше дека за него нема лек.
„Неговата жена, длабоко побожна жена и вероучителка во парохијата, го повикала свешеникот да му подели Елеопомазание. Отец Алмирон во таа пригода им дал на сопружниците медалјон од блажена Мајка Тереза и им препорачал да се молат за нејзиното застапништво. Тоа го направиле веднаш и го ставиле медалјонот под перницата на пациентот“, вели отец Рици.
Она што следувало потажоа ги шокирало лекарите. Човекот на кого поради тешката болест му прогнозирале смрт, изненадувачки оздравил. Неговиот лекар, инаку уверен атеист, пред епархискиот суд рекол дека не му е јасно што се случило“.
Чудесно оздравениот човек денес има 40 години и живее во Рио де Женеиро.
Но помошта од блажена Мајка Тереза за ова семејство не завршува тука. Поради терапијата за време на лекувањето на болеста, мажот останал неплоден и на брачниот пар му е кажано дека никогаш нема да имаат деца. Тие, меѓутоа, продолжиле да Му се молат на Бог и да бараат помош од блажена Мајка Тереза. Денес имаат две здрави деца.
„Целото семејство се подготвува да дојде во Рим за канонизацијата. Се подготвуваат пасошите и се чека датата на канонизацијата“, истакна отец Рици.
Битно.нет/В.Н.
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк