Никарагва: Нападнат кардинал Бренес и нунциј Сомертаг

Никарагва: Нападнат кардинал Бренес и нунциј Сомертаг

Среќен заради навредите и прогонствата затоа што тоа е она што го трпел Христос.

Нѐ опколија гневни групи кои сакаа да влезат во базиликата Свети Севастијан во Диријамби, ме ранија во раката, ме удрија во стомакот, ми ги истргнаа епископските обележја и вербално ме нападнаа. Добро сум благодарение на Бог. Базиликата е ослободена во заедништво со оние кои беа таму. Им благодарам на сите за солидарноста и молитвата – напиша на Фејсбук епископот Силвио Хосе Баез и така го опиша нападот врз него, кардинал Леополд Бренес надбискуп на Манагва и апостолскиот нунциј Валдемар Станислав Сомертага.

Работите се случија на 9 јули пред базиликата Свети Севастијан во Диријамби каде тројцата дошле заедно со други верски службеници за да им помогнат на локалните свештеници кои прифатиле група противници на властите засолнувајќи ги во базиликата. Десетици напаѓачи и неколку припадници на паравоените групи, викајќи „убијци“ и „терористи“ по кардинал Бренес и на групата која го придружувала ги нападнаа тие верски свештеници, го повредија епископот Баез во рацете и монс. Мигуел Мантика во вратот. Нападнати се и неколку новинари кои биле во базиликата, и им се украдени мобилните телефони и фотографските апарати.

Кардинал Бренес кој воедно е и претседател на Никарагвиската епископска конференција им рече на новинарте дека е среќан заради повредата, заради своите слабости, заради тоа што го претрпел заради прогонството кое го поднел, затоа што тоа е она што го претрпел Христос додавајќи дека „кога човекот е најслаб, тогаш е силен.“

Никарагвиската епископска конференција во своето соопштение остро го осуди тој настан: „Црквата во Никарагва го отфрла и длабоко жали заради физичкиот и вербалниот напад на епископите. Делегацијата епископи го исполнува посланието на Исус Христос останувајќи со народот кој страда, одејќи во пасторална посета на свештениците и верниците на подрачје кое е жртва на полицијата, паравоените групи и конфликти кои предизвикуваат смрт и болка. (…)

Ватиканњуз/.мк

 

Категорија: Вести, Свет

За авторот