Четврт ден: Зашто Силниот ми направи големи дела и свето е Неговото Име

Четврт ден: Зашто Силниот ми направи големи дела и свето е Неговото Име

Почитуван читателу,

Денеска ќе размисуваме за Божјите благодати кои Бог не престанува да ни ги дава во нашиот живот, за да нè приближи до Себе.

Молитва до Светиот Дух

Дојди Душе Свети и просветли го моето срце, за да можам да ја спознавам Божјата волја во секој момент од мојот живот. Придружувај ме на тоа мое духовно патување и помогни ми како на с. Еврозија Алоати, поблиску да Те запознаам. Амин.

Размислување

Зашто Силниот ми направи големи дела и свето е Неговото Име. Големи и бескрајни биле благодатите, кои Бог ги искажа на Марија. Затоа со право таа изјавува дека Силниот ѝ направи големи нешта. Само Бог кој е семоќен можел да ѝ го стори на Марија тоа што го сторил. Затоа таа со прифаќање и голема благодардност се зарадувала во својата душа. Како Марија и јас треба да се радувам зашто Бог погледна на смиреноста на мојата душа која е негова слугинка и изврши во неа големи дела. Да, ќе повторам со Марија: „Свето е Неговото име. Свето е името на мојот Бог, на мојот преслаток Исус!…..” Секогаш во устата и во моето срце ќе го имам тоа преслатко Име, кое ѝ претставувало најголема наслада на Марија. Јас ќе сторам да го познаваат и сакаат тоа преслатко име сите кои уште не го познаваат и не го сакаат.

Прашања:

Дали сум благодарен на Бог за благодатите кои што ми ги дава? Дали сум благодарен и за тешките моменти, ја гледам ли во нив Божјата волја? Дали сведочам со својот живот за Исус да го запознаат и тие што не Го познаваат?

Подготви: с. Евхаристинки/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот