Тајната за успехот на Нутела е во Пресвета Богородица Лурдска

Тајната за успехот на Нутела е во Пресвета Богородица Лурдска

„Успехот на „Ферер“ го должиме на Пресвета Богородица Лурдска, без неа не можевме многу да направиме“ – призна еднаш творецот на познатата „Нутела.“

Еден од најбогатите италијанци кој почина во 89. година од животот Микеле Ферера, ја водеше компанијата која неговите родители ја основале уште во 1940 година. Од својот татко го наследува рецептот за кремот од лешник и чоколадо, популарната и на сите познатата „Нутела“ по која следуваа нови, и денес неодминливи слатки како што се „Фереро Рошер,“ „Киндер Супрaјз“, „Мон Чери,“ „Покет Кофи“ и „Тик Так“.

Иако сите ги знаат неговите производи, ретко кој знаеше работи од неговиот живот. Не се истакнуваше и ретко се појавуваше во јавноста, беше практичен верник – католик, кој негуваше посебна побожност кон Блажена Дева Марија, а често одеше на поклоничко патување во Лурд.

По повод 50 годишнината од основањето на компанијата, истакна пред сите медиуми: „Успехот на „Ферер“ го должиме на Пресвета Богородица Лурдска, без неа не можевме многу да направиме.“ И навистина, статуата на Дева Марија беше поставена во секоја негова фабрика и во канцелариите.

Микеле Фереро бил најбогатиот човек во Италија со нето вредност од 23,4 милијарди долари, според магазинот Форбес. Бил човек со силна вера кој го поминал својот живот далеку од јавноста и таблоидите. Секоја година одел на поклоничко патување во Лурд и со себе го водел својот најдобар менаџер. Организирал и посета до француското светилиште и за сите свои вработени.

Според Гардијан, кој во 2011 година за него ја објави приказната, компанијата Фереро Рошер за чоколадните слатки се инспирирани од карпестата пештера Масабиел во која Блажена Дева Марија ѝ се објавува на Бернадета која се наоѓа кај светилиштето во Лурд и затоа го добиле името Рошер де Масабел.

Своето царство го изградил така што го ценел она што е најдоброто од Италија со квалитетни и иновативни производи. Но, неговиот најголем талент бил неговиот однос со вработените, со кои внимателно работел со цел нивно усовршување. „Мојата единствена желба“, рекол еднаш, „е фабриката да биде силна и на вработените да им гарантира сигурно работно место.“

Под негово водство, неговите производи биле достапни во 53 земји. Имал повеќе од 34 илјади вработени, 20 производствени капацитети, и девет земјоделски претпријатија.

Фереро не зборувал многу, но другите зборувале за него. Малата компанија за чоколадо од Пиемонт се претвори во глобален гениј, ја водеше компанијата со железна рака, но локалното население го сакаше, затоа што и даваше на заедницата, а работниците имат изворедни услови за работа.

Меѓјугорје-инфо/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот