Чесна сестра подарува венчаници

Чесна сестра подарува венчаници

Уште од 1950 година, клаузурните монахињи од манастирот Света Рита од Касција во центарот на Италија во облик на донација примаат венчаници кои тие самите ги поправаат во својата кројачка работилница за да ги дадат на жени кои не можат да си дозволат нова венчаница заради парични потешкотии.

Пред 600 години, овој манастир бил дом на света Рита, жена која сопругот ја злоупотребувал и која се замонашила откако станала вдовица. Позната е под името „Светица на невозможното“ и многу жени го бараат нејзиното застапништво за благосостојба на својот брак.

Популарната добротворна работа ја води сестра Марија Лаура која ги преземе донираните фустани и ги прегледува во случај да е потребно да се поправаат или закрпат. Пред да се замонаши, работела во кројачката работилница на мајка ѝ во Тоскана.

Кога ги зема фустаните, ги сортира по боја и број, а подоцна остнатите сестри ѝ помагаат да ги скрати, прошири или заштити фустаните или пак им помага на невестите при изборот. „Во последно време побарувачката за фустани порасна. Можеби затоа што нашата работа стана позната, а можеби и заради кризата која е сѐ поголема, но тоа не е важно. Среќни сме ако нашата работа може да им помогне на оние во потреба,“ вели с. Марија Лаура за италијанскиот весни Ла Република.

Сѐ започна кога група жени ги донесоа своите фустани во знак на благодарност на света Рита која на чудесен начин им помогнала во нивните бракови. Освен тоа, некои од жените кажаа дека им е мило да ги донираат своите венчаници за да можат и други невести да ги искористат, отколку да ги остават во плакарот, каде што ќе собираат прашина и ќе биде храна за молците.

„Над стотина невести чукаат на вратата на манастирот Света Рита,“ вели с. Марија Лаура. „Фустаните можат да ги земат бесплатно. Само оние кои сакаат (и можат) остваат донација (која се користи за потребите на манастирот и во добротворни цели). Речиси сите го враќаат фустанот кој потоа друга невеста може да го искористи, и така уште еден млад пар ќе биде среќен.“

Секоја недела доаѓаат невести од различни места со своите мајки и сестри. Мора да договорат термин за избор на фустанот со сестра Марија Лаура, а кога ќе дојдат, сестрата ги води во собата за да изберат фустан, а кој сака може и да го проба.

Сестрата има посебен подарок за изборот на фустанот за секоја невеста. Во едно интервју за американски The New York Times, вели дека нејзината љубов кон ваквата добротворна работа помага во изборот на вистинскиот фустан за секоја жена. „Знам кој ќе го земе, можам тоа да ѝ го видам на лицето.“

Сестрите од манастирот Света Рита од Касција примаат венчаници од разни делови од светот.

Меѓугорје-инфо/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот