Простувањето е соработка со Бог

Простувањето е соработка со Бог

Некои луѓе мислат дека простувањето се однесува само на нив, дека тоа во нив започнува и завршува. Од зборовите на свети Павле, насетуваме дека во простувањето се работи за нешто многу поголемо од самиот човечки чин: „Еден спрема друг бидете добри, сочувствителни, проштавајќи си еден на друг, како што и Бог ви прости во Христа.“ (Ефес. 4, 32). Бог е Оној Кој што прв простува, а нашето простување е продолжение на Божјото. „Простувајќи им на луѓето, верникот на одреден начин учествува во добротата Божја и дозволува преку него да се излива во светот.“ (Анте Вучковиќ)

Кога ние му простуваме на човекот, тогаш всушност Бог нему му опростува преку нас. Со нашето простување на луѓето се покажува Божјата љубов кон нив. Љубовта е динамична реалност. Исус ја споредува со сонцето кое грее над секој човек, и добриот и лошиот, и на праведните и на неправедните. Како што сонцето донесува светлина и топлина, така според Божјата замисла и човекот би требало да стане сонце за другите. Како што Бог му простува на човекот – со што ја осветлува неговата внатрешност внесувајќи во неа топлина и мир – така и човекот би требало да простува на луѓето и да го продолжи Божјото осветлување на другите луѓе. (…)

Имено, како што нашето простување е продолжение на Божјото простување, исто така нашето не простување е запирање на Божјото простување. Непростувањето е слично на баричка. Како што во барата водата е заматена, така и во моментите на не простување во нашата внатрешност состојбата е разматена. Тогаш љубовта Божја не тече во нашето битие. Настанува застој, затнување. Се создала некоја брана која не го пропушта проток на љубовта. Со непростувањето го затвораме срцето за Божјата љубов и го прекинуваме нејзиниот проток. Бидејќи Бог сака неговата љубов да тече, а не да застанува во нас, простувањето е исполнување на Божјата волја затоа што помага во отворањето на срцето. Простувањето е одзатнување на срцето и повторно овозможување за протокот на Божјата љубов низ нашето битие до другите луѓе. (…)

Ние, честопати застануваме пред разни бариери. Зарем не е вистина дека честопати веруваме во ситниците кои – поминуваат низ филтрите на нашите мисли – стануваат големи причини за непростување? Зарем трнот во окото на другиот не се претвора во огромен камен со кој нашето срце ја блокира и затнува Божјата љубов?

Зарем нашето чувствително его честопати и со еден збор, а понекогаш и со нечие молчење, не навредува до таа мера што срцето го затвораме на месец дена, а во некои случаи и на повеќе години? Примерот за протокот на Божјата љубов која не може ја запре ниту еден услов како причина, па дури ниту нашето грешно однесување, е Марија. Нејзиното срце е слободно од било какви бариери. Низ него секогаш тече Божјата љубов и простувањето. (…)

Целата трагедија и убавина е во тоа што од нас зависи кој е тој во кој ќе пронајдеме вистинска причина и вдахновение за делување. Дали е тоа Бог и неговото простување на нас или се тоа некој наши причини…?

Гласник Мира/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот