СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

СЕКОЈ ДЕН ВО МЕСЕЦ ЈУНИ РАЗМИСЛУВАЈ ЗА СРЦЕТО ИСУСОВО

Деветти ден: Душата, љубена ученичка на Пресветото Срце

Меѓу Своите дванаесет апостоли и мноштвото ученици, Исус издвојува еден кон кого има посебна љубов. Така и меѓу сите души што ги љуби, Тој те избра тебе да бидеш Негов возљубен ученик.

Ти си тој на кој сака да ги открие Своите најголеми тајни и, пред сè, да те поучи на Својата божествена наука на нежноста и понизноста. Прими ја со понизна воодушевеност оваа Божја наклонетост и биди многу внимателен кон благодатта што ќе те допре во текот на овој ден.

Без сомнение, Исус повеќепати и силно ќе ти каже: „Стани малечок!“ Мал пред Бога, дојди пред Него со сета своја ништожност; мал пред своите ближни, понизи се пред нив. Биди мал и во сопствените очи, заборавајќи го она малку добро што си го направил и сеќавајќи се само на своите несовршености.

Тоа нека биде твојата духовна вежба.

Сакам да останам мал, о мој Учителу, за повеќе да Те љубам и подобро да Те познавам.

Кармел-бси/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот