Како да ја направите својата молитва моќна?

Како да ја направите својата молитва моќна?

Погледни, кои молитви ги знаеш напамет? Но, сети се како до сега си ги молел, брзо, не размислувајќи, изговарајќи ги како да ги фрлаш зборовите без значење пред некој непостоечки. Заврти ја својата молитва, преобрати се, преобрати ја молитва кон своето срце и своето срце кон молитвата.

Велат дека молитвата е најинтимното човеково искуство. Длабочините на човековата душа се појавуваат овде и се откриваат пред самиот Бог. Човекот, затоа, се срами од молитвата, тешко му е да моли во јавност, посебно, ако треба спонтано да се искаже пред Бог. Затоа и постојат молитвени формули, различни обрасци преку кои можеме да молиме заедно со другите, а тоа да не ја допре нашата внатрешност и не ја издаде нашата интима. Добро е, затоа, да ги знаеме научените молитви, оние кои ги рицитираат другите, за да можеме заедно со другите во Црквата, како и во домот, било каде да молиме.

Таквите молитви можат да бидат како столбови кои ја држат зградата на твојата вера и твојот живот. Ако, на пример, секое утро во воскресно време измолиш „Радувај се Маријо“, а во времето на Пресветото Тројство до Воскресението „Ангел Господов“, ќе почувствуваш како во својот живот си ги удрил трите столба кои ја држат зградата на твојата работа и животот секојдневно. Ако научиш пред секое јадење да го измолиш „Оче наш“, а после јадењето барем „Слава на Отецот“, ќе почувствуваш како храната, и твоето минување на времето со семејството и друштвото покрај масата е исполнето со благослов. Ако научиш со луѓето во Црквата или на друго место да молиш „Оче наш“, ќе искусиш како целата вселена да ја потпевнува вашата молитва, како да го снемува мракот и стравот, се палат светлата, и како оддеднаш да си се претворил во стотина други луѓе кои во тебе молат, и ти си со нив, и како поради тоа стануваш посилен. Ти стануваш Црква. И во тебе одекнува гласот на сите браќа и луѓе, патници и оние кои се радуваат. Или, ако си научил да се прекрстуваш пред секоја работа и да кажеш „Боже, помогни ми“, веќе си влегол во просторот на Божјата сила која ти осигурува успех во твојата работа.

Кога испраќаш писмо, благослови го и кажи: „Господи, нека твојот благослов оди со оваа писмо“ и ќе видиш како чудесно ќе ги насочуваш луѓето на добро и успех, правда и мир. Ако пред секое патување научиш убава молитва, ако секогаш кога ќе седеш во автомобилот и се прекрстиш и ја измолиш молитвата, ќе доживееш чудесни избавувања од опасности. Ако најдеш време секој ден со своето семејство да молиш „Бројаница“, ќе влезеш во спасителното случување на Исус Христа.

Освен што овие научени обрасци за молитва помагаат да можеш да молиш заедно со другите, тие те потсетуваат дека во секоја прилика можеш да се обратиш на Бог. И уште нешто, додека спонтаната молитва бара вдахновеност, расположение и луѓе на кои што можеш да им се искажеш, научената молитва пружи можност секогаш добро да се помолиш, посебно ако избраниот молитвен образец одговара на твоето расположение.

Со други зборови, молитвените обрасци како „Оче наш, Радувај се Маријо, Слава на Отецот, Бројаницата“, и слични молитви се како леб кои не мораш сам да го печеш, туку да го купиш од другите, како автомобилите кои не мораш да ги поправаш сам, туку го земаш од друг и го возиш, како што оделото што немораш да го шиеш, туку го купуваш. Но, посебно значење имаат молитвите кои Бог ни ги дарувал преку своите објави. Таква е молитвата „Оче наш, Радувај се Маријо и Псалмите“.

Важно е меѓутоа, молитвениот образец кој го молиш да се обидеш да го разбереш. Тогаш тоа станува сад во кој ти себе си се изнесуваш пред Бог и примаш преку неговата сила и милост за себе.

Погледни, кои молитви ги знаеш на памет? Но, сети се како досега си ги молел, брзо, не размислувајќи, изговарајќи ги како да ги флаш зборовите без значење пред некој непостоечки. Заврти ја својата молитва, обрати се, преобрати ја својата молитва во своето срце и своето срце кон молитвата.

Почни со „Оче наш“. Сети се дека Исус прв ги изговорил овие зборови, а сега ти по Него ги повторуваш. Тоа е, така, молитвата, ти и Исуса. Сети се потоа дека милијарди христијани низ дваесет векови црковна историја ја изговарале оваа молитва. Сега ти влегуваш во богатството со тие луѓе. Ќе видиш, ќе молиш „Оче наш“ така како никогаш да не можеш да престанеш.

Нека Бог ти биде сила во таа молитва.

д-р Томислав Иванчиќ/Битно.нет/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот