Како се оправдуваме за да не одиме на Литургија (4 дел)

Како се оправдуваме за да не одиме на Литургија (4 дел)

Често е многу лесно да се најде изговор за да се пропушти светата Литургија, иако светата Литургија е најголемиот дар кој Господ ни го оставил. Во овој текст прочитајте некои од најчестите изговори, но и одговорите на секој од нив.

Во Библијата никаде не пишува дека треба да одам на света Литургија

Како католици ние веруваме дека нашата вера и пракса извираат од Светото Писмо и традицијата на Црквата. Сериозна грешка е да се потценува вредноста на нашата традиција. Постојат многу сведоштва на црковните оци и други документи кои јасно ни сведочат за тоа како се собирале првите христијански заедници за да го слушат Словото и да слават Евхаристија. Светото Писмо исто така поддржува постоење на света Литургија. Еве неколку примери:

„Помни го денот саботен, за да го празнуваш.“ (2Мој 20, 8), „Потоа зеде леб и заблагодари, го прекрши и им даде, велејќи: Ова е Моето тело, што се дава за вас; правете го ова за Мој спомен!“ (Лк 22, 14, 19) Во Евангелието според Лука во глава 24 се наоѓа приказната за патот кон Емаус. Размислете за оваа глава. Ги препознавате ли во него деловите на светата Литургија?

Не разбирам што говори свештеникот

Во светот има повеќе од 412.000 свештеници. Секој од нив е единствен во своите интелектуални способности, стилот на говорење и вештините. Некои од нас се благословени што имаат во својата парохија свештеник кој инспирира со своите проповеди и со тоа нѐ поттикнува да растеме во верата. Други парохјани се наоѓаат во предизвикувачка ситуација каде свештениот говори над нивниот степен на разбирање или едноставно малку слуша. Без оглед на тоа кој тип на свештеник е во нашата црква мораме секогаш одново да потсетиме дека свештеникот не е причината заради која одиме на света Литургија. Одиме на света Литургија за да бидеме со Христос Кој ни се дарува во Евхаристијата. Пред сѐ бидете трпеливи со својот свештеник. Секогаш барајте начини да го охрабрите во неговиот повик. Тој е човек кој одлучил да го дарува својот живот за слава Божја. Секога молете Светиот Дух да ги просветлува и инспирира.

Ќе отидам кога ќе почувствувам дека треба, на сила никогаш

Кој може да каже дека е гладен само од време на време и да јаде само тогаш кога чувствува потреба за храна и кога за тоа смета дека е пријатно? Никој. Телото од нас бара енергично да бараме да се нахраниме. Тоа е работа за живот и смрт. Едноставно е неизбежно. Истото треба да се случува со духовната глад која вика од длабочината на нашата душа. Не е можно да не почувствуваме потреба за Христос. Не е можно да не сакаме да го нахраниме духот. Ако не го храниме со Бог ќе го храниме со работи од овој свет, а тие никогаш не можат човекот целосно да го задоволат. И тогаш тоа станува прашање за живот или смрт: „човечкото битие има потреба која е многу подлабока, глад на кој му треба повеќе од еден леб за да се задоволи – гладот на човечкото срце за Божјата величина. Тоа е глад кој единствено може да го задоволи Он Кој кажал: „Вистина, вистина ви кажувам: ако не го јадете телото на Синот Човечки и не ја пиете крвта Негова, не ќе имате живот во себе. Кој го јаде Моето тело и ја пие мојата крв, има живот вечен и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.“ (Ив 6, 53-55) – свети Иван Павле II.

Becky Roach/CatholicLink/к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот