Црквата е загрижена за постојаниот пораст на омраза во светот

Многу нè загрижуваат светските сценарија бидејќи, за жал, гледаме како расте омразата, поделбата, споровите, а сè потешко е да се решат овие конфликти и кон нив да се однесува по мерило на правда, достоинство и солидарност – вели кардинал Пиетро Паролин.

На новинарско прашање за атентатот во Ница, кардиналот истакна дека нема зборови. Сметам дека атентатот е израз на чиста омраза: слепо да се оди на луѓе собрани на прослава, да се масакрираат деца и стари луѓе. Човек навистина се прашува што се случува. Сите заедно мора да настојуваме да ги разбереме причините за овие многу драматични и болни појави за да може да ги победиме. Треба да делуваме на повеќе нивоа: со разузунувачките службите во областа на безбедноста, потребно е вложување во културниот карактер за да се отстранат корените на тие појави и да помогне на народите и луѓето взаемно да се прифатат, да се направи – како што вели Папата – постоечките разлики да станат можност за заедничко збогатување, а не за конфликт и тага – заклучи кардинал Паролин.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот