Црквата е повикана да ги прифати бегалците со дух на љубовта

На 12.ноември Папата ги прими словачките епископи, по повод нивната посета на Ад лимина и им порача дека Црквата е повикана да ги прифати бегалците во духот на љубовта и почитувањето, внимавајќи истовремено на одржувањето на законите. Во говорот Светиот Отец напомена дека словачкиот народ треба да го одржи својот културен идентитет и наследството на етичките и духовните вредности кои се тесно поврзани со католичката традиција.

Потврди дека е потребно Словачка да допринесе со искрен и плодоносен дијалог во Европа и светот и тоа со оглед на прашањето како што е за достоинството на човечкиот живот и основната улога на семејството. Соочени со растењето на мултикултурното опкружување, треба да имаме став на меѓусебно почитување и да даваме предност на средбата – смета папа Фрањо.

Во нашето време е сѐ уште потребен пат на луѓето за да ги расветлат христијанските принципи, користејќи можности за развивање на нова евангелизација која со нов јазик ќе го олесни разбирањето на христовите пораки – продолжи Светиот Отец. Се заблагодари на епископите за подршката која ја пружат на семејствата, кои – како што истакна – се соочуваат со многу потешкотии и се изложени на бројни опасности. Охрабри да се формираат служби за семејствата на национално и епископско ниво која ќе им помагаат и на распаднатите семејства, особено кога се во прашање децата.

Во склоп со загриженоста за семејството, треба да се ценат младите, кои се надеж на Црквата и општеството – заклучи Папата, додавајќи дека во нив „чука силна желба да служат на другите и се залагаат за солидарност“, а тоа бара „водство и доверба во нивните пастири“ за да тоа стане „средба со Христос“ и „преданост кон ширењето на евангелието“.

Светиот Отец напомена дека и покрај искушенијата на хедонизмот, просечноста и брзиот успех, младите не дозволуваат потешкотиите лесно да ги застрашат и особено имаат желба безрезервно да се ангажираат кога пред очи им се истакнува значењето на животот. Поради тоа им е потребна јасна поука во науката и моралот за да ги градат човечкиот и Божјиот свет – рече папа Фрањо.

РВ/Б.Р.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот