Хомилија на Н.В.П. монс д-р Киро Стојанов на отворањето на Јубилејната година на милосрдието во Струмица
Драги браќа и сестри, оваа недела е скоро во средината на Божикниот пост. Некогаш на таа недела бил прекинат божикниот пост за уште поревносно да би можело да се продолжи подготовката за Божик. Во посланието до Колосјаните ја слушнавме химната. Свети апостол Павле, имено, во своите посланија редовно на прво место започнува со свечените похвали до Бога за тоа што Тој ни даруваше. Од овој извадок најнапред забележуваме дека апостолот го фали Бога што нѐ ослободува од власта на темнината, нѐ осветлува со светлината за да можеме со верата да бидеме во царството на Неговиот возљубен Син. Второ, апостолот благодари што во тоа светло и во тоа царство имаме опростување на гревовите. Во оваа Година на милосрдието која штотуку ја започнавме отворајќи ја Светата врата влегуваме во тоа царство на светлината ослободени од гревот. Ослободување од гревот, ние сме, како вели апостолот на друго место, облагодатни (дарувани) преку Неговиот Возљубен Син по Милоста (Ефес 1,6). И трето, бидејќи му се допадна на Бога да воспостави мир со крвта на Исусовиот крст, да ги помири со себе сите, било на земјата, било на небесата.
Евангелистот Лука во Евангелието ни раскажува за параболата за гозбата – големата вечера. Толкувајќи ја параболата сфаќаме дека домаќин е Небесниот Татко. А поканетите сме ние. Во оваа Година на Милосрдието посебно треба да бидеме свесни дека на таа Евхаристиска гозба нѐ повикува Бог. Богатите, моќните, запослените, занесените најдоа „изговор“ и така остана надвор од салата. Таа се наполнува со помалку значајните луѓе од плоштадите и улиците. И сега во Годината на милосрдието Бог повикува малени и грешни да ја наполнат салата прифаќајќи го Неговиот повик што вклучува и опростување. Бог не трпи компромиси, туку ги повикува тие кои го бараат, бидејќи не дојде да ги повикува праведните, туку грешните. Да се обидеме да бидеме слуги на Отецот. кои ќе повикуваме малени и грешни на гозбата на Отецот. Да се присетиме денес и на свети Андреј апостол кој при Исуса го доведе својот брат Петар говорејќи му го најдовме Месијата.
А сега да го послушаме извадокот што го напиша Светиот Отец папа Фрањо во Булата со која го најави овој Јубилеј: „Исус повеќе пати говори за важноста на верата, повеќе отколку во опслужувањето на законот. Во таа смисла мора да ги сфатиме Неговите зборови кога, седејќи со Матеја и другите цариници и грешници, им рече на фарисеите кои му префрлуваа: ајде проучите што значи тоа: „Милост сакам, а не жртва. Зашто не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание“ (Мт 9,13). Дозволете малку да запрам: Зборовите Милост сакам, а не жртва, се запишани и во Библијата од Стариот завет кога Бог се препира со Јона кој се гневи на Бога што го испратил да го навестува спасението во паганскиот град Нинива. Каков ли предзнак кој и на денешните бунтовници јасно покажува дека на Бог му е до спасението на грешните. Продолжувам со текстот на Светиот Отец папа Фрањо кој вели: соочен со сфаќањето на праведноста како празно почитување на законот кој ги суди луѓето едноставно делејќи ги на праведни и грешни, на Исус му е до тоа да покаже голем дар на милосрдието кој ги бара грешните да им понуди опростување и спасение. Се сфаќа, значи, зошто заради едно такво ослободително видение на милосрдието како извор на новиот живот, фарисеите и книжниците го отфрлаат Исуса. Обидувајќи се да останат верни на законот тие едноставно товарот го стават на плеќите на луѓето потценувајќи го Милосрдието на Отецот. Позив на верно почитување на законот не смее да биде препрека да се посвети внимание на прашањата кои се однесуваат на достоинството на лицата… Исус вели да од тогаш натаму Неговите ученици ќе мораат милосрдието да го стават во центарот на својот живот како што самиот Исус сведочи. Милоста се објавува како темелна димензија на Исусовото послание.
Која е симболиката отворање на вратите? Исус за себе говореше нарекувајќи се често Добар Пастир. Читаме во Евангелието како е Тој врата на трлото и како преку Него се влегува и излегува и наоѓа пасиште, а сите кои поминуваат покрај тие врати се разбојници и крадци. Што значи, вратите не се сами по себе симбол, туку е симбол Исус Христос кој е врата на Црквата – заедница на собраните. Да се отвори Јубилејната врата значи да се затропа на Христовото срце и да се бара влез. А Исус рече нема да влезе секој кој ми говори Господи, Господи, туку оној кој ја врши волјата на Мојот Отец. Тоа е верски чин, а не пуст обред.
Браќа и сестри овие неколку мисли од пораката на Светиот Отец папа Фрањо и симболиката за отворањето на вратата се идејна водилка и за нас, бидејќи ние сме Црква – заедница на Исусовите ученици. Да се обидеме да го разбереме тоа наше послание. Што треба на направиме? Слушаме одговор: бидете милосрдни и ќе наследите милосрдие.