Фрањо е народен Папа

По официјална средба на папата Фрањо и преседателот на Италија Џорџо Наполитано во четврток 14 ноември, кога Светиот Отец се обрати на вработените во италијанското Преседателство спонтано настана семејна атмосфера, на која посебно се изарадуваа бројните деца.

Имено, Папата се сретна со делегацијата на вработени во Преседателството, а децата на вработените се собрале околу Папата и сите сакале да го прегрнат и да му кажат нешто. Гледајќи ги собрани, Папата рекол дека се вистинска работна заедница. Многу се потребни луѓе кои работат професионално, со чувство на човечност и разбирање, со солидарна внимателност посебно кон слабите. Ве потикнувам да не се плашите од тешкотиите и взаемно да се подржувате. Ви ја гарантирам својата молитва, а од вас понизно барам да молете за мене и за мојата служба во Црквата. Благодарам – рекол Светиот Отец.

Папата на сите им посака „да живеат во добар однос со колегите; во своите семејства и во секое животно опкружување.“ Ја истакна посебноста на вработените во Преседателството на Италија: својата работа, често сокриени, но скапоцени, доаѓате во допир со редовни и посебни случувања кој го обележуват патот на еден народ. Некои од вас можат до Преседателот на Републиката да приближат разни општествени, семејни и посебни проблематики, на кои граѓаните со доверба предупредуваат.

Барам од вас секогаш да одлучувате излегувајќи во пресрет и разбирање кон сите – рекол папата Фрањо. Мноштво народ го пречека и испрати Папата, пред преседателската палата, а новинари на Радио Ватикан  забележаа некои нивни коментари.

„Големо задоволство е да го видиш овој Папа. Многу пати веќе сум го видел, а секогаш кога ќе го видам повеќе сум возбуден“ – рече еден од мноштвото.

Еден човек изјави: „Овој Папата заслужува целосна доверба. Како човек доаѓа од сиромашен крај и во својата служба е доследен. Јас сум на годишен одмор, но денес сум овде поради Папата, поради него дојдов. Овој Папа навистина ми се допаѓа. Тој сите ги привлекува, тој е еден од нас. Овој е народен Папа, Тој е за народот.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот