Фондацијата „Помош на Црквата во неволја“  ги посети бегалците во Курдистан

Не само исламистите, туку и ирачкото општество им зададе на христијаните тежок удар – заклучи калдејскиот архиепископ на Мосул Емил Шимун Нона, во разговор со делегацијата на фондацијата „Помош на Црквата во неволја“, која од 13 до 17 август престојуваше во ирачкиот Курдистан, која посети неколку христијански села.

Од 2003 година до денес продолжува зајакнатата дискриминација против ирачките христијани: на работа, во градските населби, насекаде ги има. Навистина пред очите е последицата на таа дискриминација. Фундаменталистите се плод на општеството – заклучи калдејскиот мосулски архиепископ.

Во делегацијата на „Помош на Црквата во неволја“ беа извршниот претседател на фондацијата Јоханес Хереман, Регина Линч, директорка на Одделот на проекти, како и заменик директорот на Одделот за комуникации Марио Лозано. Папската фондација на 8 август ја одобри втора транша на помош од 100 илјади евра, првата беше одобрена на 19 јуни, за поддршка на ирачките бегалци во Курдистан, од кои многу се христијани. На повик на калдејскиот патријарх Сако, фондацијата одлучи да го посети Ирак за да може да ја планира понатамошна подршка и во знак на близина со бегалците и месната Црква.

Ако не сака во тишина да го набљудува последното поглавје од историјата на ирачкото христијанство, меѓународната заедница мора веднаш да одговори – рече претседателот Хереман враќајќи се од Ирак. Во текот на посетата сретнавме епископи, свештеници, чесни сестри и волонтери кои ден и ноќ работат помагајќи на бегалците. Состојбата е драматична и навистина треба многу да се работи. Освен давање на хуманитарна помош треба да се храбрат христијаните и другите верски малцинства да не се повтори оваа трагедија. А како што заклучи патријархот Сако, има уште надеж за христијаните во Ирак, меѓутоа мораме веднаш да делуваме – истакна претседателот на фондацијата.

Делегацијата се сретна со бегалците во Ербил и во предградието на Анкава, потоа во придружба на архиепископ Ноне го посети местото Закхо, Дохук и некои христијански села. Бидејќи не можеше да се помине низ Мосул – објасни Марио Лозано – во Дохук моравме да одиме по планински пат, кој е 18 километри оддалечен од положбата на Исламската држава. Илјадници Ирачани избегани од Мосул, Алкоша, Тел Кејф и други населби пронајдоа засолниште во Курдистан, а бројни сведоштва ја потврдуваат историјата на потиштеност и очај. Овде повеќе не може да се остане, пролиено е премногу крв – заклучи мајката на дете кое го убиле екстремистите.

Иако располага со недоволно средства, фондацијата „Црква во неволја“ настојува пристојно да ги смести бегалците во цркви, напуштени згради, по улици и паркови. Дури седум семејства делат еден шатор, а до триесет бегалци живеат во една куќа. Температурата на воздухот е околу 44 степени, голема е жештината и тешко се дише. Црквата прави сè што е можно да ги ублажи страдањата на жителите, меѓутоа гаранција и заштита на правото на живот и верска слобода спаѓа на политиката. Западните земји не можат мирно да го набљудуваат овој геноцид – заклучи Хереман.

Треба да се реагира пред Исламската држава да успее да го покори половина Ирак, заклучи архиепископ Нона повикувајќи на делување на меѓународната заедница. Пред сè треба да се гарантира хуманитарна помош, бидејќи сами не успеваме да помогнеме на толку семејства. Освен тоа, Западот треба постојано да врши притисок на владата на Ирак да ги отстрани внатрешните поделби и да ја зајакне правната држава. Некогаш имавме силна држава, меѓутоа од 2003 година до денес се направени бројни грешки, нашата политика сега не се темели на ништо, На крај, треба воено да се одбрани Курдистан, бидејќи додека е Исламската држава, на нас секогаш ќе ни заканува опасност – заклучи архиепископ Нона.

РВ/С.С.

Категорија: Свет

За авторот