Упатете се на духовно патување заедно со сестра Еврозија Алоати

Упатете се на духовно патување заедно со сестра Еврозија Алоати

По повод 3 февруари, денот кога сестра Еврозија Алоати, основателката на општеството на сестри Евхаристинки, просветлена од Светиот Дух тргнува на пат за Македонија, односно тргнува да ја исполни Божјата волја – да ја основа заедницата на сестрите Евхаристинки, Ве покануваме духовно „да ја придружуваме“ на нејзиниот пат до Македонија; така што ви ги предлагаме размислувања за химната „Мојата душа го велича Господа”, напишана од отец Јосиф Алоати, нејзиниот брат, кои што таа ги користи за време на нејзиното патување.

Сестра Еврозија со голема наслада го читала толкувањето на химната на Марија и ѝ оставило голем впечаток, така што низ целиот живот таа тетратка ѝ била најсаканато четиво. Таа во него ја открила целата програма за својот живот во служба на Бога. Секој збор во тоа толкување бил поврзан со нејзината душа, зашто таа секогаш била особено побожна кон Пресвета Богородица, која ја сметала за своја мајка.

Во следните десет дена, преку овие размислување, дозволете Бог подлабоко да го турне коработ на вашиот живот, во разбрануваното море, во неистражените бездни на вашиот внатрешен живот, преку застапништвото на сестра Еврозија Алоати.

На почетокот измолете ја молитвата до Светиот Дух, размислувајте за текстот даден за тој ден, и на крајот одговорете ги прашањата. Доколку сте во можност секој ден од тоа духовно патување, среќавајте се со Исус Евхаристија на светата Литургија во вашата парохија.

Подготви: с. Евхаристинки

Категорија: Вера, Духовност

За авторот