Недела на Самарјанката

Недела на Самарјанката

Размислување за Неделата на Самарјанката според Евангелието од Иван 4,5-42

Човекот се состои од материјална и духовна природа. Живее во материјалниот свет и во духовниот. Ја постигнува полнотата на животот кога е во состојба хармонично да ги комбинира овие два света. Кога нема соединување, тогаш доаѓа кризата – тоа е крикот на душата, која вика за помош, за промена, за хармонија.

Денешниот разговор помеѓу Исус и Самарјанката ја покажува едноставната реалност на нашите животи. Го објаснува фактот кога можеме: да слушаме и да не разбираме, да го читаме Божјото Слово и да си мислиме дека не е напишано за нас. Но, Бог е Бог за сите и зборува со сите. Но зошто е отворен за нас или за другите?

Два света, два погледи

На светот гледаме со материјални и духовни очи. Материјалните очи гледаат надворешни работи, а духовните – внатрешниот свет. Многу често го користиме само надворешниот поглед. Гледаме и тоа е тоа. Но, сепак можеме да погледнеме подлабоко и да почнеме да се восхитуваме и да почувствуваме посебни емоции, да доживееме духовно воздигнување.

Истото важи и за слухот. Понекогаш слушаме само за да слушаме, а понекогаш само живееме со целото свое битие во приказната што ја слушаме. Со потполно внимание кон говорникот, можеби нема и да забележиме што се случува околу нас. Оваа комбинација на духовен и материјален слух ни остава позитивен резултат.

Средбата на двата света се случила и во разговорот меѓу Исус и жената Самарјанка. Учителот зборува за духовни вредности, а жената останува само на материјално, ја интересирало само надворешното, гледа со надворешните очи.

Сега го запознала Исус, Учителот на животот. Како и обично, таа во него гледа само обичен човек кој сака само да се напие од водата. Таа Му се потсмева затоа што сака да ѝ даде жива вода, а нема со што да нацрпи. Во таков дијалог се чини дека темата на разговор е во ред, но ја нема смислата.

Откако разговорот ќе го допре нејзиниот личен живот, таа сфаќа дека се соочува со необична личност, со пророк. Треба да се истакне дека ова откритие доаѓа откако Господ ќе ѝ ја открие вистината за нејзиниот личен живот. Исус ја поттикнува да размислува за внатрешниот свет, да гледа на нејзиниот живот одвнатре.

Нејзините духовни очи се отвораат

Честопати, кога правиме зло, сакаме да се затвориме во себе, да го скриеме од сите, па дури и од самите себе. Да, криејќи се едноставно го затвораме нашиот внатрешен духовен свет и живееме само надворешно, материјално, физички. Ова може да потрае некое време, бидејќи човек не може да живее само материјално.

Нешто слично како и во случајот со Самарјанка, која живеела со различни мажи, но не наоѓала среќа во тоа. Очигледно ја барала среќата мислејќи дека ќе ја најде со некој маж, но тоа не се случило. Мир ѝ дава сосема непознат човек за неа, а мирот се вселил во неа кога ја дознала вистината за себе.

Бог ја открива и нашата вистина за да го насочи нашиот поглед кон духовниот свет. Бог, преку откривањето на вистината за нашите животи, ги отвора нашите духовни очи. Па така нè потсетува на Светаат Исповед, покајанието.

Можеби има и некој меѓу нас кој се крие од вистината за себе? Можеби има некој меѓу нас кој гледа на светот само со материјални очи?

Се е можно… но едно знам дека е невозможно да се живее долго во една таква состојба, мислејќи дека мирот ќе дојде во срцето сам по себе. Не треба да се биде само набљудувач на Бога, туку неопходно е да се стане учесник во Божествениот живот, не набљудувач на црковниот живот, туку член на Телото Христово, кое е Црквата.

Затоа, не е чудно зошто некои ја критикуваат Црквата и духовниот живот? Донесува заклучоци однадвор без да учествува во внатрешниот духовен живот.

Секој што го сретнува Христа во Црквата едноставно молчи кога зборува за другите, затоа што сака да ја слушне вистината за себе, сака да се види себеси одвнатре.

к.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот