Кои се трите најголеми зла кои можат да нѐ отстранат од Бог во оваа благословено време?

Кои се трите најголеми зла кои можат да нѐ отстранат од Бог во оваа благословено време?

Со оглед на тоа што во оваа време сакаме што повеќе да се приближиме до Бог, темелно ќе ја испитаме длабочината на својата душа. Таму ќе ги сретнеме оние вистинските непријатели кои постојано се борат за да нѐ држат подалеку од Господ. Овде на некој начин стојат главните пречки за нашиот христијански живот: похотта на телото, похотта на очите и гордоста на животот.

Похотата на телото не останува ограничена на несредената сензуалност; нејзините последици се и комотноста, недостатокот од полет, кој нѐ води по лесен, пријатен пат и кој на изглед е краток, а сето тоа по цена на попуштање во верноста на Бог.(…)

Вториот непријател (…) е алчноста на очите – како бездна на длабоката похот преку која го цениме само она што можеме да го опипаме.(…)

Се замаглуваат очите на душата, разумот се чувствува способен сам сѐ да сфати, не свртувајќи се кон Бог. Тоа е суптилно искушение кое се повикува на достоинството на умот,  кој Бог нашиот Отец го дал на човекот за да го запознае и да го љуби во слобода. Водени од тие искушенија човечкиот ум се смета себе за центар на универзумот; тој уште еднаш се опива од она: „ќе станете како богови“ (1Мој 3,5) и со тоа што во себе е заљубен, свртува грб на љубовта кон Бог.

На тој пат лесно можеме да паднеме во рацете на третиот непријател superbia vitae. Овде не станува збор само за минливи мисли на амбиции или самољубие: тоа е состојба на целосна суета. Да не се залажуваме: тоа е најголемото зло и почеток на сите заблуди.

Бидејќи Господ доаѓа кон нас мора соодветно да бидеме подготвени. Кога ќе дојде Божиќ, Господ треба да нѐ затекне во исчекување и со душа подготвена за да Го прими. Такви треба да нѐ најде и на конечната средба со Него. Сета човечка егзистенција е трајна подготовка за средба со Бог кој е сѐ поблиску. Меѓутоа во Божиќниот пост Црквата ни помага на посебен начин да се прашуваме: „Покажи ми ги Господи, патиштата Твои и научи ме да врвам по патеките Твои. Упати ме кон Твојата вистина и научи ме, зашто Ти си Бог на моето спасение.“

За таа средба се подготвуваме со светата тајна Покора. Неколку денови пред Божиќ во 1980 година свети Иван Павле II во една римска парохија се сретнал со повеќе од две илјади деца. Ја започнал катехезата: Како се подготвувате за Божиќ? Со молитва, одговараат децата. Добро, со молитва, вели Папата, но и со исповед. Треба да се исповедате за да пристапите на света Причест. Дали ќе го направите тоа? Децата уште погласно одговориле: Да! Да треба тоа да го направите, им кажал свети Иван Павле II, и со тивок глас додал: И Папата ќе се исповеда за достојно да го прими Детето Исус.

Тоа ќе го направиме и ние во неделите пред светата ноќ, секој пат со повеќе љубов и повеќе каење за да би можеле да ја примиме оваа света Тајна со Божјите милости и со поголема расположливост што произлегува од подлабокото испитување на нашата душа.

Битно.нет/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вера, Духовност

За авторот