Три дарa од Бог за човекот

Три дарa од Бог за човекот

Во проповедта на светата Литургија на 7 февруари 2017 година во капелата на домот Света Марта, Папата говореше за трите дара кои во создавањето Бог му го дал на човекот: човекот го создаде според Неговиот образ, му даде власт над земјата и му ја даде жената за придружничка која треба да ја љуби.

„Што е тоа човек, та се сеќаваш на него? Си го направил малку помал од ангелите, но со слава и чест си го венчал.“ Папата се осврна на псалмот и читањето од Книгата Битие за да го истакне восхитот на „Божјата нежност и љубовта“ која во создавањето ја покажал кон човекот.

Човекот е создаден според образот и подобието Божјо

Папата ги истакна трите Божји дара за човекот, поаѓајќи од идентитетот. Пред сѐ ни даде ДНК, односно нѐ направил свои деца, нѐ создал според својот образ и подобие. Детето има ДНК на родителите, од нив го примил идентитетот. Ако детето е добро, таткото е горд. Ако и малку биде грдо, тоа на таткото секогаш му е убаво; ако е лошо, таткото го оправдува, надевајќи се дека ќе се поправи… Исус нѐ поучи како таткото ги чека децата. Ние сме „како богови“, затоа што сме деца Божји – рече Папата.

Човекот е одговорен за земјата

Во вториот Божји дар е вклучена нашата задача: ни ја дава земјата со неа да господариме. На човекот му е дадено „царско достоинство,“ затоа што Бог не сака човекот да робува, туку сака да царува, да биде одговорен цар. Бог нѐ задолжил да се грижиме за создаденото, да го чуваме и унапредуваме. Ни даде сѐ, но не дал пари. Имаме сѐ. А кому му дал пари? Тоа не знам, се пошегува Папата повтoрувајќи: Бог го создал човекот според својот образ, на себе сличен, а му доверил да го чува и унапредува сето создадено. После господарењето над создаденото, Папата осврнувајќи се на првото читање, ја величаше љубовта помеѓу мажот и жената.

Љубовта, третиот Божји дар во создавањето

Бог ги создаде машко и женско. Не е добро човекот да живее сам. И му создаде помошник – рече Папата, повикувајќи се на денешната света Литургија. Бог – Љубов на човекот му дал љубов. Папата мисли дека првиот дијалог за љубовта се водел помеѓу мажот и жената. Завршувајќи го говорот за создавањето, Папата повика да Му се заблагодариме на Господ за овие три дара кои ни ги дал, за идентитетот, задачата и љубовта и да молиме милост за чување на тие дарови кои сме ги примиле во создавањето – заврши Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести, Проповеди

За авторот