Во петок 16 декември 2022 година во просториите на парохијата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ – Струмица во организација на Македонски Каритас се одржа тренинг за свештениците од Струмичмо – скопската епархија и Скопска бискупија во склоп на проектот Елба, а поврзан со Социјалното претприемништво.
На почетокот присутните ги поздрави о. Илија Стојанов и директорот на Македонски Каритас о. д-р Зоран И. Стојанов, кој на присутните им посака успешна работа.
Предавањата ги одржа г-дин Дејан Стојановиќ, основач и извршен директор на Здружението на граѓани за социјален и економски развој Ин Виво. Во првиот дел од тренингот беше образложен поимот социјално претприемништво, основните карактеристики, а беа претставени и неколку примери на добри социјални претприемништва. Во вториот дел беше претставена структурата на проектната активност, како и содржината на проектната апликација. На крајот беа споделени корисни совети, а заврши со дискусија.
к.мк