Да се чуваме од гревот на противање на Светиот Дух и да бидеме пред сè отворени за Божјите изненадувања – е пораката од проповедта на папата Фрањо на светата Литургија на 8 мај 2017 година во домот Света Марта, во Ватикан.
Проповедта главно беше фокусирана на Делата на светите апостоли и на отвореноста на Црквата за незнабошците.
Светиот Дух ја движи Црквата; Тој ја движи целата христијанска заедница. Папата Фрањо го стави акцентот на таа вистина. Бог секогаш нè изненадува затоа што е „жив“ Бог и заедно со нас оди како Светиот Дух; прави чуда, нови работи, така што некои сигурно биле исплашени од новоста во тoгашната Црква – рече папата Фрањо.
Светиот Дух е Божји дар, Дар на Бог, нашиот Отец, кој секогаш нè изненадува. Бог изненадува рече Папата – зошто? Затоа што е „жив“ Бог и Бог кој престојува во нас; Бог Кој го движи нашето срце; Бог кој е во Црквата и со нас оди и притоа постојано нè изненадува. Тоа на некои може да им причини тешкотии како што тоа било и во случајот на Петар. Учениците забележале дека исто така и незнабошците го слушале Словото Божјо. За нив Петар „отишол премногу далеку“ и го укориле. Според нив, тоа било „соблазна“ па дури и му кажале „Ти, Петар, карпо на Црквата! Каде нè водиш?“
Не спротиставувај се на Светиот Дух, оправдувајќи се дека „секогаш се правело така.“ Петар го раскажал своето видение и „Божјиот знак“ кој го „поттикнал да донесе храбра одлука“ – рече Светиот Отец. Петар е способен да го прифати Божјото изненадување. Пред многу Господови изненадувања, „треба да се состане, да се дискутира и да се дојде до согласност за да се исполни и да се оствари чекор напред, кој Господ сака да го преземе – рече Папата.
Уште од времето на пророците, па сѐ до денес „постои гревот на противење на Светиот Дух.“ Тој е истиот грев заради кој Стефан ги укорил членовите на Синедрионот – рече Папата. „Не, секогаш се правело вака и така треба да се продолжи!“… „Не доаѓај ни со тие новости, Петре; смири се; земи таблета која ќе те смири – рече папата Фрањо – тоа е затвореноста за гласот Божји. Самиот Господ во псалмот зборува на својот народ нека не се стврднува срцето ваше како што стврднеа очите ваши – рече Светиот Отец.
Господ од нас секогаш бара да не дозволиме да ни стврдне срцето. „Тоа што Господ го сака“ – рече Папата – „е да има други народи“, други стада кои не се од ова трло, но ќе бидат на крајот „само едно стадо и еден пастир.“ Затвореноста и отпорот на Светиот Дух; она фраза и реченица која секогаш затвора и запира: „Секогаш така се правело“ – рече Папата – тоа убива. Ја убива слободата, радоста, верноста на Светиот Дух кои секогаш делуваат однапред, водејќи ја така напред Црквата.
Но, по што може да се знае дека некоја работа доаѓа од Светиот Дух, а не од духот на овој свет; или од самиот ѓавол? – праша Светиот Отец и веднаш и одговори: Молете се за милоста за расудување. Средство кое истиот Дух Свети го дава, е дарот на расудување. Расудување, во секој случај, што треба да се прави. Тоа е она што го прават апостолите: се состануваат, разговараат и согледуваат дека тоа бил патот на Светиот Дух. Инаку, оние кои го немале овој дар, ниту во молитвата го барале, останале затворени и се откажале.
Ние христијаните, меѓу многу новости, треба да знаеме да расудуваме една работа од другите; да расудуваме која е новоста, „новото вино“ кое потекува од Бог; која е таа новост која доаѓа од духот на овој свет и таа која доаѓа од ѓаволот. Верата никогаш не се менува туку останува иста, но е во движење, расте и се шири. Да го замолиме Господ – поттикна Светиот Отец, на крајот од својата проповед – за милост за дарот на расудување, за да не го згрешиме патот и да паднеме во неподвижност, строгост и во затвореност на срцата..
РВ/к.мк