Треба да знаеме да ја разликуваме добрата и лошата љубопитност

Треба да знаеме да ја разликуваме добрата и лошата љубопитност

Бидејќи децата по природа се љубипитни, општеството треба да ги заштитува од опасноста на виртуелниот свет – истакна папата Фрањо за време на светата Литургија, која ја служеше во домот Света Марта, на 30 април 2018 година.

Светиот Отец во својата проповед напомена дека општеството треба да ги придружува децата и младите за да не станат заробеници на сопствената љубопитност. Наместо тоа, потребно е да имаат доверба во Светиот Дух.

Папата рече дека треба да се знае да се разликува добрата и исправната љубопитност од она лошата. Истовремено потребно е да се отвори своето срце за Светиот Дух кој дава сигурност. Појдовна точка на проповедта на Папата беше 14 глава од Евангелието според Иван во кое евангелистот го опишува разговорот на Исус со неговите ученици, кој папата Фрањо го опишува како дијалог помеѓу љубопитноста и сигурноста.

Животот се состои од многу љубопитност. Токму децата поставуваат многу прашања за да го разберат светот. Таа е добра љубопитност затоа што помага децата да се развиваат и да станат самостојни, а исто така тоа е контемплативна љубопитност затоа што децата гледаат, набљудуваат, не разбираат и поставуваат прашања – рече Светиот Отец. Наспроти неа е озборувањето затоа што од љубипитност се напаѓаат другите луѓе. Станува збoр за љубопитност која ќе нѐ следи нив целиот живот: тоа е искушение кое секогаш ќе биде присутно.

Не треба да се исплашиме, но потребно е да бидеме внимателни. Треба да си зборуваме: „не сакам тоа да го знам, не сакам тоа да го гледам, не го сакам тоа.“ Има толку љубопитност, на пример во виртуелниот свет, со мобилните телефони и со таквите работи. Децата одат таму, љубопитни се и таму пронаоѓаат голем број лоши работи. Не постои дисциплина во таа љубопитност. Треба да им помогнеме на младите за да живеат во овој свет за желбата за знаење да не стане желба за да бидат љубопитни и да не станат заробеници на љубопитноста – рече Папата.

Во Евангелието љубопитноста на апостолите се опишува како добра љубопитност затоа што сакат да знаат што ќе се случи и Исус одговора давајќи им сигурност така што им го ветува Светиот Дух кој ќе ги поучува за сѐ и ќе ги потсетува за сѐ што им кажал.

Сигурноста во нашите животи ни ја дава Светиот Дух – рече Папата и продолжи: Светиот Дух не доаѓа во пакет во кој се наоѓа сигурноста и кој можеш едноставно да го преземеш. Не, тоа не оди така. Ако се отвориме за Светиот Дух, ќе ни даде сигурност во соодветниот момент. Светиот Дух е нашиот придружник на христијанскиот пат.

Светиот Дух нѐ потсетува на Господовите зборови водејќи нѐ на патот кон вистинската среќа. Кој ќе го следи Светиот Дух кој ни помага, нема да згреши, ќе постигне вистинска среќа.

Да го молиме денес Господ за две работи: прво, да нѐ чисти во свеста дека постои добра и помалку добра љубопитност и да знаеме да ги разликуваме. Треба самите на себе да си говориме: не, тоа не смеам да го гледам, тоа не смеам да го прашам. Второ, да ни даде милост за да го отвориме своето срце за Светиот Дух затоа што Он е сигурноста и ни ја дарува и тоа како придружник на патот потсетувајќи нѐ на работите на кои Исус нѐ поучувал.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот