Томази: Западот е рамнодушен кон страдањата на христијаните

За време на состанокот организиран во Римини на тема пријателството меѓу народите се обрати монсињор Силвано Марија Томази, постојан набљудувач на Светиот Престол во ООН во Женева. Тој зборува за современите светски кризи, почнувајќи од драмата на миграцијата.

Во интервју за Радио Ватикан, монс. Томази посочи дека „постои политички сили кои ја застапуваат нееднаквоста меѓу земјите, а тие нееднаквостите се причина за потешкотиите кои ги принудуваат луѓето да бараат решенија на друго место, бидејќи се нарушени нивните човекови права, или поради тоа што војната не им се дозволува нормален живот“. Според ватиканскиот претставник во ООН, друг важен аспект е економскиот. „Големите мултинационални компании, како и дорбите трговските односи меѓу државите, кои обично се од корист на најсилните земји, секогаш ги оставаат на заден план економски послабите држави“.

На прашањето до кој степен се компатибилни христијанските вредности и интеграцијата на мигрантите, монсињор Томази тврди дека „како христијани ние сме должни да им укажеме гостопримство. прифаќањето е обврска кон потребите на остатокот од човечкото семејство. Но општото добро бара и одржување на рамнотежа. Јас би рекол дека е потребно проблемот да се разгледа фундаментално и да се видат причините за движењето на овие луѓе … Должни сме да покажуваме гостопримство, но сметам дека пред сѐ треба да го зачуваме својот идентитет, кој во случајов, е пред сè христијански идентитет. Во присуство на муслимански мигранти, кои мора да се справат со особена тешкотија, имено да го прифатат одделувањето на религијата од политиката … тоа има директно влијание врз процесот на интеграција … Треба исто така да кажеме дека има основни вредности кои треба да се прифатат. Меѓу нив е почитувањето на плурализмот во општеството, одделувањето на религијата од политиката, прифаќањето на еден нормален демократски процес, само така е можен мирен соживот.

По повод верскиот фундаментализам, кој ги уништува христијанските симболи на Блискиот Исток и фактот дека тоа се прифаќа за нормално од меѓународното јавно мислење, монсињор Томази истакна: „Христијаните се најпрогонуваната религиозна група во светот. Западот е рамнодушен кон нивните страдања. Има знаци на симпатија, но освен гласот на папата Фрањо, кој потсетува на долгот на солидарност кон овие наши прогонувани браќа. Може да се каже дека религијата е отсранета од глобалната политичка сцена, таа не значи ништо. Изгледа дека човековите права на христијаните имаат различна вредност од оние на другите луѓе. Оваа ситуација ми се чини неприфатлива и мора постојано да инсистираме за да се издејствува изнаоѓање на политичко решение“.

Запрашан дали евентуална воена интервенција во Либија под италијанско водство, под знамето на Обединетите нации, би можело да се означи почетокот на процесот за враќање на контролата во овој регион на Блискиот Исток, монсињор Томази истакнува: „Патот за наоѓање на помирување, за нормализирање на општествениот и политичкиот живот во Либија, е оној на дијалогот. На преговарачката маса треба да се свикаат сите племиња, претставниците на различните племиња кои ја сочинуваат земјата; тие треба да се договорат, да го најдат патот за излез од насилството во кое се потонати во моментов. По постигнување на договор потребно е присуство на меѓународни воени сили, кои ќе помогнат во почитувањето на постигнатиот договор од Либијците. Смо во тој случај е пожелно војно  присуство на воорушени сили на меѓународната заедница – исткана монс. Томази

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот