На 9 април 2018 година во Ватикан е објавен новиот апостолски поттик на Папата „Gaudete et exsultate – Радувајте се и воскликнете“, за повикот на всетост и како да се одговори на него во современиот свет.
По тој повод папата Светиот Отец на својот профил на Твитер објави неколку кратки мисли и поттикнувања од спомнатиот документ. Во пораката која ја објави на 10 април го истакнува патот на блаженствата како врховен пат кон светоста. Биди сиромашен по дух, реагирај кротко и понизно знаејќи како да тагуваш со другите; гладувај и биди жеден за праведност; милосрдно гледај и делувај: тоа е светоста – напиша папата Фрањо во својата порака. Во втората порака која објави исто така на 10 април напиша: Чувај го срцето слободно од сè што ја онечистува љубовта, сеејќи мир околу себе, секојдневно прифаќај го патот на Евангелието, дури и ако може да ни предизвика проблеми: тоа е светоста.
Во пораките кои ги објави на својот Твитер профил на 9 април со своите следбеници ја сподели врската на новиот апостолски поттик, објаснувајќи дека со тој документ сака повторно да го понуди повикот на светост. Истакна дека „Господ го повикува секој од нас на светост, па и тебе.“ Потоа се обрати до луѓето во различни положби и сталежи, повикувајќи ги денес да започнат живот на светост. Дали си повикан на посветен живот? – праша Светиот Отец и потоа го понуди следниот предлог: Биди свет така што радосно ќе го живееш своето посветување. Слични совети понуди и за другите? Дали си венчан или венчана? Биди свет љубејќи и грижејќи се за својот маж или жена, како што Христос прави за Црквата. Дали си работник? Биди свет работејќи со интегритет и вештина во служба на своите браќа и сестри. Дали си родител или дедо или баба? Биди свет така што трпеливо ќе ги подучуваш малите како да го наследуваат Исус. Дали си во положба на моќ? Биди свет работејќи за општото добро и откажувајќи се од личната корист – напиша папата Фрањо.
РВ/к.мк