Твитер порака: Не можеме да бидеме христијани без Христос

Ватикан, 4.7.2013 /к.мк/ – Папата Фрањо продолжува да го проповеда Евангелието на социјалната мрежа Твитер. Неговата најнова твитер порака, објавена во среда 3 јули гласи: Не можеме да бидеме христијани без Карпата, кој е Христос. Тој ни дава сила и цврстина, како и радост и ведрина.” Профилот на Папата Фрањо @ Pontifex кој е на девет јазици, веќе има 7 милиони и 211 илјади симпатизери: 2.736.800 на шпански јазик, 2.637.600 на англиски, 859.000 на италијански, 424.400 на португалски, 153.400 на француски, 119.900 на латински, 115.100 на германски, 96.700 на полски и 68.200 на арапски. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<