Твитер порака на Папата за Денот на Мандела

Твитер порака на Папата за Денот на Мандела

Треба да се надминат сите форми на расизам, нетолеранција и инструментализација на човечката личност – истакна папата Фрањо во порака која ја објави на својот профил на Твитер @Pontifex на 18 јули 2017 година на денот посветен на Нелсон Мандела.

Тој ден е назначен од страна на ООН со цел на годишнината од неговото раѓање да се оддаде почест на скапоцениот придонес која поранешниот јужноафрикански претседател го даде за градење на културата на мирот и слободата.

Да се изгради општество во кое сите Јужноафриканци, бели и црни, одат со дигнати глави, давајќи живот на народот во мир со самиот себе и со светот – така во мај 1994 година зборуваше Нелсон Мандела, како прв избран претседател на Јужноафриканската Република. Каде има сиромаштво и болест, каде луѓето се угнетувани, таму треба повеќе да се работи – истакнуваше без престан и предупредуваше –наша задача е на сите да им се загарантира слободата. (…)

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот