Бројот на богослови двојно се зголеми во бискупијата Колумбус во САД

Бискупот Ерл Фернандес од бискупијата Колумбус во интервју за Ватикан њуз објасни дека благодарение на пасторалната работа и молитвата, 16 нови млади луѓе минатата година влегле во Богословијата. Оваа година бискупијата очекува најмалку десетина нови кандидати, објави Ватикан њуз на 20 март 2024 година.

„Кога бев поставен за бискуп, пред речиси две години, во нашата бискупија немаше свештенички ракополагања. На крајот од моето бискупско ракополагање, се пошегував со собраните дека оваа година ќе бидат ракоположени повеќе бискупи отколку свештеници.“ Бискупот Ерл Фернандес од бискупијата Колумбус во САД, се смее додека се потсетува на таа анегдота. Тој исто така се смее што за неполни две години ситуацијата е целосно променета: благодарение на пасторалниот труд и молитвите, минатата година во Богословијата влегоа 16 млади луѓе, а годинава во бискупијата, која бележи пораст на бројот на верниците, очекува уште најмалку десет млади кандидати.

Дијалог и обнови со младите

„Внимателно избравме млади свештеници кои еднаш месечно ќе се среќаваат со момчиња и девојки за да им помогнат да го препознаат својот повик за свештенство или монашки живот и ја читаа книгата на Брет Бранан „Да се спасат илјада души: Водич за откривање повик за дијацезантски свештеник“, објасни бискупот Фернандес.

Беа организирани предавања со наслов Quo vadis? за средношколци. „Младите поминуваат три дена во молитва, слушајќи сведоштва, разговараат со свештеници кои знаат што е свештеничка формација, но и уживаа во братството за да искусат дека тоа вклучува многу повеќе од молитва, учење и работа. И тоа даде многу плодови“, продолжи во разговорот бискупот, повторувајќи ја важноста на молитвата за сите во бискупијата: „Постојано поттикнуваме на молитва и пост за звања“.

Бискупот Ерл Фернандес е првиот американски бискуп со индиско потекло кој служи во бискупија со латински обред во Соединетите држави и е првиот црнец кој станал бискуп на бискупијата Колумбус. Од јуни 2022 година, Фернандес е и најмладиот дијацезантски ординариј во САД.

Охрабрување на Папата

Читајќи ја пораката за 61. Светски ден на молитва за звања, објавена на 19 март, на празникот на Свети Јосиф, бискупот Фернандес истакна дека „Јосиф бил едноставен човек, сопруг, хранител, кој одговорил на Господовиот повик. Имаме и многу свештеници кои кажуваат ДА на Господа, посветувајќи ги своите животи на служење, давајќи им на луѓето надеж, надежта што доаѓа од Евхаристијата, надежтшто доаѓа од простувањето“.

Идејата е тие, како апостолите, да ја навестуваат радоста на Евангелието“, заклучи младиот бискуп. „Искрено се надеваме дека нашите семинаристи имаат вистински мисионерски поттик, за да можеме да бидеме Црквата на која нè повикува Светиот Отец Фрањо: Црквата што излегува“.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот