Струмица: Чист понеделник со молитва, пост и добри дела

Струмица: Чист понеделник со молитва, пост и добри дела

Првиот ден од Великиот пост, Чист понеделник 27 февруари 2017 година во парохијата Свети Иван Крстител – Струмица започна со молитва Обожавање на Светата Причест во 6.00 часот наутро и света Литургија предводени од о. Гоце Костов. На Литургијата покрај волонтерите што го приготвуваа посното агапе, присуствува и повеќе верници од парохијата. Во 9.00 часот верници од парохијата ја предводеа светата Бројаница со жалосното таинство.

5671

Точно напладне во 12.00 часот парохиската црква повторно ги собра своите верници на молитва Ангел Господов и Крстен пат, а по завршуањето на молитвата во дворот на црквата беше благословено посното агапе „Бел посен фасуљ“, по што беше поделено на присутните.

Старите, болни и изнемоштени лица на овој ден беа посетени од свештениците и верници волонтери, при што ја искажаа близината на Црква со овие лица и во знак на заедништво им беше доставено посното агапе. Во текот на денот од агапето беше дарувано и на сиромашни лица.

Попладнето во 17.00 часот парохискиот викар о. Атанас Сирачев служеше света Литургија и го предводеше Крстниот пат со верниците кои во претпладневните часови беа на работа.

Ова активност на Чист понеделник е иницијатива на црковниот одбор и свештениците, а е во рамки на активноста „Вистинскиот маж моли“. Како активност во себе содржи: пост, молитва и добри дела, карактеристики на Велигденскиот пост.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот