Струмица: Средба на брачни парови

Во недела 12 јуни 2016 година во просториите на парохијата Свети Иван Крстител – Струмица се одржа средба на брачни парови, a ја предводеше о. Гоце Костов. Покрај редовните учесници на средбата присуствуваа и брачни парови кои искажаа интерес да се запознаат со овие средби. Средбата започна со молитва и презентација на иницијативата, како и начинот на кој се одржуваат. Потоа следуваше краток филм со наслов: „Повик во бој – општествена криза на машкоста“.

По завршувањето  на филмост следуваше дискусија за филмот, а о. Гоце Костов одржа кратка катехеза за семејството, во која говореше за улогата на мажот и жената во христијанското семејство.

Оваа средба на на брачни парови во парохијата Свети Ивана Крстител – Струмица се одржуваат редовно секоја недела, за почнувајќи од Годината на семејството.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Македонија

За авторот