Струмица: Молитвен предизвик

Струмица: Молитвен предизвик

Во недела 16 октомври 2016 година во парохијата „Свети Иван Крстител“ – Струмица започна молитвената иницијатива „Молитвен предизвик“. На крајот од Литургијата свештениците о. Гоце Костов и о. Атанас Сирачев на пет верници по случаен избор им поделија по една десетка од Светата Бројаница и ги повикаа да ја измолат во текот на денот по накана на мисионерите, но и за свои лични потреби. Потоа за наредниот ден предизвикуваат некој друг кој ќе прифати да измоли една десетка од Светата Бројаница.

Иницијативате ќе заврши на 31 октомври со света Литургија во парохиската црква.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот