Струмица место за средба на верските поглавари во Македонија

Во попладневните часови на 11 декември 2014 Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Апостолски егзарх во Македонија во Катедралната Црква Успение на Пресвета Богородица – Струмица беше домаќин на поглаварите и претставниците на црквите и верските заедници во Република Македонија, Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан, Хаџи Африм Тахири од Исламската верска заедница, проповедник, г. Михаил Цеков од Евангелско методистичката црква и г-ѓа д-р Берта Романо Николиќ од Еврејската верска заедница во Македонија.

Верските поглавари одлучија оваа нивна редовна средба да ја реализираат во Струмица, по повод празникот на Светите Петнаесет тивериополски маченици, заштитиници на градот Струмица.

Оваа средба тие ја искористија, покрај Католичката Црква да ги посетат: џамијата во Струмица, Евангелско методистичката црква, како и манастирот Водоча, каде нивен домаќин беше митрополитот Струмички, г. Наум. Средбата заврши со заедничка изјава на поглаварите во која истакнуваат дека мирот е нешто најдрагоцено и најскапоцено за секого и насекаде.

к.мк/го*ко

Категорија: Македонија, Свет

За авторот