Прославен патрониот празник во Чанаклија

Чанаклија, 6.5.2013 /к.мк/ – Во филјалната црква „Свети великомаченик Георги“ во Чанаклија денес сѐ празнуваше патрониот празник. Архиерејската Литургија ја предводеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, бискуп Скопски и Апостолски егзарх во Македонија во заедништво со повеќе свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија. На свечената архиерејска Литургија присуствуваа многу верници како од Чанаклија така и од другите парохии, а присутен беше и градоначалникот на Општина Василево, г-н Ванчо Стојанов со неговата сопруга. Во проповедта епископот монс. д-р Киро Стојанов истакна дека нашата вера се темели на Воскресението Христово, а исто така се осврна и на маченичкото сведоштво на свети великомаченик Ѓорѓи.

По светата Литургија во дворот следуваше заедништво и дружење организирано од црковниот одбор.

С.мит.

Категорија: Македонија

За авторот

Write a Comment

<