Средба на свештеници од Марииното дело во Лопијано

Од 24 до 28 август 2015 година во Лопијано, Италија се одржа средба на свештеници од Маријното дело на тема: Евхаристијата срце во нашиот живот.

На средбата беа присутни повеќе од 200 свештеници од цела Европа, а од Македонија беше присутен о. Димитар Ташев. Покрај предавањата, имаше можност секој да го каже сопственото мислење

На средбата беше видливо единство, а во работата во групи беше продлабочена темата. Средбата беше можност да се разменат искуство и да посведочи она што го има во себе, но и да прими исто така сведоштво и поттик во верата од другиот.

На средбата беа присутни и околу 200 млади од повеќе држави, кои исто така има своја програма. Заедничко им беше средбата со Исус во светата Литургија, а младите исто така имаа можност и за света Исповед.

Каде е Исус таму има единство, мир, радост. Каде има радост има плод на верата – е заклучокот од средбата.

к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Свет

За авторот