Средба на млади во Петралинци: Повикани на светост
Петралинци, 22.7.2013 /к.мк/ – Во недела 21 јули во парохиската Црква Свети Кирил и Методиј во Петралинци се интензивираа подготовките за денот на млади кој ќе се одржи во Нова Маала. Младите од Петралинци, Радово и Секирник молитвеното дружење го започнаа со предавање, на кое о. Гоце Костов, говореше за христијанскиот повик на светост. На средбата покрај презентација подготвена од младите од Петралинци, централно место зазеде Обожавањето на Светата Причест, при што се молеше за разни потреби на Црквата и младите. Оваа последна средба на младите пред одржувањето на Денот на младите во Нова Маала заврши со дружење во дворот на Црквата. (го*ко)
Категорија:
Македонија