Со уништувањето на семејството се уништува општеството
Во говор пред молитвата Ангел Господов на 29 декември, на празникот свето Семејство, папата Фрањо ќе измоли посебна молитва за семејството. Во текот на маријанската молитва предвидено е телевизиско поврзување со верниците во базиликата Навестување во Назарет, во светилиштето Лорето, и со верниците во базиликата Свето Семејство (Sagrada Familia) во Барселона.
Говорејќи за Денот на семејството во разговор за Радио Ватикан, архиепископот Винченцо Паглија, преседател на Папскиот совет за семејство, рече дека Папата сака на празникот Назаретско семејство, светилиштата во Назарет, Лорето и Барселона молитвено да се обединат. Папата на пладне ќе се поврзе со тие светилишта за да моли заедно со нив – истакна архиепископот Паглија и додал.
Ова е многу важно искуство, затоа што станува збор за тоа да се истакне важноста на семејството, почнувајќи од она Назаретското. Можеме да кажеме: Исус е Син Божји, Он е и Бог Создател, но и на Него за доаѓањето на земјата му било потребно семејство. Затоа спонтано доаѓаме до заклучок: ако на Него му било потребно семејство, колку пак многу на нас ни е потребно! Уверен сум дека денес, повеќе од било кога, потребно е да се истакнува важноста на семејството во животот и поединците и општеството и Црквата – рече архиепископот Паглија.
На прашање за пречките на патот кон семејството, одговорил дека во прв ред треба да се штити мнозинската реалност односно природно семејство: татко –мајка – деца: За жал, за такво семејство не се говори: политиката го заборава, економијата експлоатира, а културата го презира… а сепак, тоа е главен извор на нашето општество. Политиката се организира не мислејќи на семејството, основањето на семејството се одложува на неодредено време. Во брак се стапува кога е веќе с средено, бракот е всушност на свршетокот, а не на почетокот на двоен проект –рече архиепископот додавајќи:
И културата се помалку ја зема во обзир стабилноста на врската поради што „врската засекогаш“ станува незамислива во денешниот свет. Но да го ослабиш семејството значи да го ослабиш општеството. Затоа не треба да не чуди што во Европа расте бројот на едночлено семејство. А има опасност општеството да остане без семејстава: Тоа е многу голема опасност затоа што на крајот би значело дека единствено самците живеат добро. Тоа е убивање на општеството, а би рекол и на антропологијата – истака архиепископот.
Говорејќи за односот Црква и семејство, рече дека Црквата посебно со папата Фрањо, но и со папата Бенедикт XVI и папата Иван Павле II дава упатства како да се однесуваме со семејството. Папата целата Црква ја повикува во прв план да го стави семејството, затоа што ако во семејството не се води грижа, тогаш тоа станува плен на непријателски култури. Нужно е да сфатиме, ако се уништува семејството, се уништува општеството – нагласи архиепископот.
Не можеме да се помириме со тоа индивидуалистичката култура да ја уништува „заедницата – ние“, која сме ја сретнале со самото раѓање, односно семејството, затоа што тоа е темел на градот, државата, народот и целото човештво. Затоа говорот за семејството не е говор за некое општествено случување, туку говор за целото човечко семејство – рече на крајот архиепископот Паглија.
РВ/Д.И.