Папата се помоли пред статуата на Безгрешната на Шпанскиот плоштад

Папата се помоли пред статуата на Безгрешната на Шпанскиот плоштад

Папата Фрањо се задржа во лична молитва пред статуата на Блажена Дева Марија на празникот Безгрешно зачнување на 8 декември.

Светиот Отец нешто пред 6.15 часот го посети Шпанскиот плоштад, каде во момент на лична молитва пред статуата на Дева Марија на празникот Безгрешно зачнување, 8 декември 2021 година ги довери сите оние кои се болни и кои страдаат заради војните и климатската криза. Се молеше и за преобраќање, да се стопи каменот од срцето на оние кои подигаат ѕидови за да се одвојат од туѓото страдање.

Канцеларијата за печат на Светиот Престол извести дека папата Фрањо пред 40 метри високиот столб на кој се наоѓа статуата положи венец од бели рози. Инаку статуата е подигната во 1854 година во спомен на прогласувањето на догмата за безгрешното зачнување.

Во соопштението е наведено дека Светиот Отец го напуштил плоштадот околу 6.20 часот и се упатил во базиликата Света Марија Велика, каде се помолил пред иконата Salus populi romani, Спас на римскиот народ, и нешто после 7 часот се вратил во Ватикан.

Заради пандемијата изостана традиционалната јавна молитва, како што тоа порано беше најавено. Традицијата ја започнува Пио XII во 1953 година и Папите од тогаш на тоа место за празникот Безгрешно зачнување редовно искажуваат почитување на Безгрешната.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот