Со света архиерејска Литургија во Богданци заврши Летниот камп Паљурци 2014

Со света Архиерејска Литургија во Католичката црква Свети Кирил и Методиј – Богданци, која ја предводеше Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, во заедништво со повеќе свештеници од Апостолскиот егзархат во Македонија, заврши овогодинешниот Летен камп Паљурци 2014. Покрај верниците од Богданци и младите учесници на летниот камп на свеченото евхаристиско славење присуствуваа градоначалникот на Општина Богданци, Анастасија Олумчева и градоначалникот на збратимената Општина Калиновац (Хрватска), Бранко Собота.

Во својата проповед за време на светата Литургијата епископот Стојанов истакна: Во овој миг, драги млади, треба да погледнеме и во нашето минато. Вие сте сега генерација која е алка во нашето општество на млади христијани Македонци, но таа наша младост и сила не доаѓа само од младоста и силата, туку се надоврзува на тоа што сме примиле од своите предци. Драги млади, стоите на историска подлога натопена со крвта на сведоците кои за својата вера жртвуваа не само по нешто – имоти или богатство – туку за својата вера го полагаа и својот живот. Свети апостол Павле вели дека таа вера ние ја примивме. Нѐ обврзува односот кон нашите предци да не дозволиме тој историски синџир да се прекине, туку по нас да помине и на идните генерации. Прво, зошто Христос го следиме, е верноста кон евангелието со животот граден на темелите кои ги изградија нашите храбри маченички предци. Второ, што Исус сака да ни каже, како да го следиме, е сведоштвото за љубовта Христова која се исполни во Христовата смрт и воскресение. (пропоповедта на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов во целост)

Летниот Камп Паљурци 2014 се одржа од 28-31 август 2014 и на него учество земаа повеќе од 60 млади од Македонија и Хрватска. Целата на кампот е да се запознаат младите со Паљурци, неговата важност за Македонија, но исто така и со традицијата, културата и знаменитостите на Општина Богаднци. Покрај разновидната програма, која се состоеше од молитва, предавања, работилници, забава во рамките на Летниот камп беа посетени и местото каде се ноаѓало селото, како и темелите на разрушените цркви во Паљурци, Општината Богданци, Меѓународната графичка колонија „Софија“ – Богданци….

 к.мк/го*ко

Категорија: Македонија

За авторот