Сочувство од американските епископи за двете убиени чесни сестри

Преданост на посветениот живот и сочувство со ближните – така монс. Јосиф Курц претседател на Американската бискупска конференција го опиша животот на сестрите Маргарет Хелд и Паула Мерил кои на 25 август се пронајдени мртви во градот Дурант во Мисисипи.

Во службената порака во име на американските епископи монс. Курц од верниците побара да молат за вечен покој на починатите сестри. Се сомнева дека се убиени во текот на провална кражба.

Надбискупот на Милвоки, монс. Џером Листецки го пофали „примерното служење“ на сестрите кои работеа како болничарки. „Секој чин на насилство секогаш е трагичен за целата заедница“ – рече тој– „но кога ќе се нападне некого кој го посветил својот живот на правење добро и служење на заедницата во Исусовото име тогаш насилството е уште потешко.“

Сестрите Паула и Маргарет двете на возраст од 68 години служеле на оние во потреба во медицинска клиника во Лексингтон. Биле „исклучително сакани во заедницата“ – истакна монс. Јосиф Копач епископот на Џексон додавајќи: „Тагуваме со населението во Лексингтон и Дурант и се молиме за нивната заедница и семејство.“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Свет

За авторот