Сонот на дон Боско

Сонот на дон Боско

Дон Боско беше светец кој својот живот го посветил на децата и младите, помагајќи им да станаат добри христијани и чесни граѓани. Толкувајќи ја важноста на Светата Тајна Исповед во христијанскиот живот, им раскажал еден од своите соништа.

„Сонував дека се наоѓам во црквата опкружен со мноштво деца кои се подготвуваат за исповед. Некои чекаат на ред пред мојата исповедaлница. Одеднаш, изненаден, гледам дека некои од нив имаат три врвци околу вратот.

-Зошто ги носиш овие врвци околу вратот? Тргни ги! Му реков на еден од нив.

-Не можам – рекло детето – некој стои зад мене и цврсто ги држи.

Се приближив зад грбот на детето и најпрво видов канџи, а потоа два големи рога. Се приближив поблиску и го забележав лицето на грдото чудовиште како во канџите ги држи врвците.

Веднаш повикав еден свештеник и му реков да донесе сад со благословена вода. Во меѓувреме видов дека и другите деца зад грбот имаат грди чудовишта.

Попрскав со благословената вода како со оружје кон еден од тие изроди и прашав: Кој си ти?

Чудовиштето ги покажа забите, исплашено трепереше и тогаш забележав дека во шаката држи три јазли како петелки за движење на марионетки.

-Што правиш со тие петелки? Зборувај, инаку ќе те полеам со благословената вода!

Чудовиштето се згрчи од страв.

-Првата врвца – рече – им забранува на децата да ги исповедат сите свои гревови.

-А втората?

-Втората им го одзема чувството на каење.

-Третата?

-Нема да ти кажам – остро одговорил чудовиштето.

-Тогаш ќе те избањам со благословената вода – му реков.

-Не, не! Ќе ти кажам. Третата врвца ги спречува децата да донесат добра одлука и да го сослушат советот на исповедникот.

Кога дознав сé, го попрскав и го испрскав чудовиштето со благословената вода, а исто така и неговите другари кои во истиот миг се разбегале викајќи многу силно што тоа ме разбуди…“

Битно.нет/З.А.

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот