Постот е решение за многу проблеми

Постот е решение за многу проблеми

Иако има навистина многу убави причини за пост, молитвата и постот – како алатки за духовна борба, се едни од најважните.

Војни, прогонства, тероризам, глад, абортус, озборување, неморал, трговија со луѓе, рамнодушност, зависност, самоубиство, разделби: секој може само да ја погледне состојбата на нашиот свет и нашите животи, за да сознае дека се води духовна војна, битка помеѓу доброто и злото.

Многумина од нас се чувствуваат беспомошно. Некои се чувствуваат дури и безнадежно. Можеме да се запрашаме: „Што безначајна личност како мене би можела да направи за да се бори против ѕверското зло во светот денска?“

Постои нешто што можеме да го правиме!

Тоа е решение кое може да се прави едноставно, но тоа е сосема моќно оружје против злото. Тоа решение е постот. Молитвата и постот како екипа се многу моќно оружје во нашите духовни борби, токму како и во духовните борби кои се случуваат во светот. Исус, апостолите, светците, папите и многу клерици постеле и ги повикувале и другите да постат.

Постот ги отвора нашите срца за разговор и дава тежина на нашите молитвени накани. Постот нѐ зацврстува во спротивствањето на искушенијата и нѐ ослободува од зависности. Постот промовира мир во нашите срца и мир помеѓу луѓето. Постот го повикува Светиот Дух да ги излекува нашите срца, нашиот однос со Бога и нашите меѓусебни односи. Стариот фратар Славко Барбариќ рекол: „Постот ќе нѐ воведе во нова слобода на срцето и умот“.

Свети Иван Марија Вианеј рекол: „Ѓаволот не се плаши многу од дисциплината и другите инструменти на простување. Тоа што го победува е кога си скратуваме од храната, водата и сонот. Ѓаволот не се плаши веќе од ништо, затоа ништо не му е мило од Бог“.

Сатаната го мрази постот

Сатаната го мрази постот. Зошто? Затоа што оние кои вежбаат редовно самоодрекување низ постот, ги умножуваат крепостите и растат поблиску до Христот. Тие кои постат за другите, со голема душа се одрекуваат од себе за другите.

Великиот пост е идеално време да се започне покорничката пракса на постот и самоодрекувањето. Светото Писмо и католичката традиција секогаш давале големо внимание на постот и молитвата. Во изминатите 50 години, меѓутоа, постот станал помалку важен за модерниот католик и многу католици станале помрзеливи во својата вера. Самоодрекувањето во постот е точното решение за проблемите во светот и за нашиот вечен живот.

Великиот пост е полигон, како што 40 дена постот во пустината бил полигон за Исус, посебно кога бил искушуван од сатаната. За време на престојот во пустината, Исус се подготвувал за подигањето на својот Крст, да умре со болна смрт, да го откупи целото човештво.

Ние сите сакаме да бидеме подготвени за вечен живот. Покорничкото време на Великиот пост со самоодрекувањето низ постот може да биде нашиот полигон и да ни помогне да се подготвиме, како за нашите идни крстови, така и за нашиот живот вечен. Постот нѐ тренира во само запознавањето и е клучна алатка за контрола на нас самите.

Постот ни дозволува да помогнеме и на другите, дури и на странците кои никогаш не сме ги запознале. Тој е великодушен, несебичен чин, затоа што кога постиме и молиме за некој посебно, постот дава тежина на нашите молитви за таа личност. Папата Фрањо рече: „Постот има смисла ако навистина ја намалува нашата сигурност, како последица, допринесува за некој друг, ако ни помага да го негуваме стилот на добриот Самарјанин, кој се наведнал до својот брат во потреба и се погрижил за него“.

Во Светото Писмо (Матеј, 6) Исус ни вели како да се молиме и веднаш ни вели да постиме: „И кога постите, не бидете нажалени како лицемерите“.

Исус вели: „Кога постете“, не „ако постете“. Постот и молитвата се екипа и многу моќно оружје против злото. „Но Исус го фати за раката, го подигна и тој стана. Кога Исус влезе во куќата, го запрашаа учениците насамо: „Како тоа ние неможеме да го истераме?“ А тој им одговори: „Овој род со ништо друго неможе да се истера освен со молитва и пост.“ (Марко 9, 27 – 29)

Постот е одговорен за многу чудеса низ историјата

Едно чудо се случило во градот Хирошима во Јапонија. Осум Исусовци германски свештеници постеле и молеле Бројаница секој ден пред падот на атомската бомба во 1945 година. Нивната парохиска куќа била само осум куќи оддалечена од центарот на ударот на атомската бомба. Иако повеќето луѓе внатре на радиус 1,5 килмоетар од ударот или веднаш умреле или умреле од последиците на радијацијата, никој од свештениците не претрпел повеќе од гребнатинка, и никој од нив не искусил никакви последици од радијацијата. Докторите ги набљудувале низ годините и ниту еден свештеник немал никакви нус појави.

Кардиналот Роберт Сарах од Гвинеја неодамна го открил своето тајно оружје за духовната борба: молитвата и постот. Кога постел надбискупот, кардиналот Сарах се обврзал дека ќе се повлече во осаменост три дена на секој два месеци. Во текот на тие самици, потполно постел, без леб и вода, и носел со себе само основни предмети за Литургија, Библијата и други духовни книги. Вели дека тоа му помогнало да „ги наполни батериите“ и да се врати во борбата“.

Секако, нема ништо ново во врска со молитвата и постот: Исус постел и им заповедал на своите ученици да го прават тоа исто така. Ако постариот кардинал може да пости, тогаш можеме сите.

Уште еден високо рангиран клерик, владиката Олмстед од бискупијата Феникс, препорачувал пост во своето охрабрување „Into the Breach”.

Ги отстранувам страстите на телото, Исус ја одбил сатанската понуда на леб во пустината и во говорот на гората, двапати нѐ поттикнува на пост. Дали забележавте дека Бог не вели „ако постете“ туку „кога постите“? Постот е тренинг за само спознавање, главно оружје за владеење со себе. Ако немаме доминација над своите страсти, посебно за храна и секс, не можеме да се поседуваме себе си и да ги ставиме другите интериси пред своите.

Има толку многу големи причини за пост, но молитвата и постот, како алатки за духовна борба, се едни од најважните. Великиот пост е идеално време за почеток на постојана вежба за самоодрекување. За оние кои не можат да постат од храна (болни, трудници и стари), тие можат да изберат пост од телевизија, социјалните мрежи и останати, на себе угодни, активности на денот на постот.

Великиот пост е време на промени и жртви

Постот и молитвата заедно се решение за духовното војување кое се случува во светот и во нашите животи. Запомнете дека сатаната, таткото на лагата, го мрази постот.

Постот не е едноставна вештина во нашето општетсво кое има склоност кон прејадување. Сепак, ако можете да направите покорнички дела низ Великиот пост, ако можете да постите во Великиот пост, тогаш можете да постите и низ целата година!

Жена Врсна/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

За авторот