Лазарова сабота: Не бесмртност, туку воскресение

Лазарова сабота: Не бесмртност, туку воскресение

Пред да влеземе во исчекувањето на Великата Седмица, денес Литургијата не води до последната фаза од патот на Велигденскиот пост… последната пауза е кај еден гроб, таму каде што се ослободува од ропство реата на смртта! Таму затоа што е еден процес на ослободување, за еден нов живот, доколку не се сретне лице во лице со смртта ризикува да стане опасно „бестелесно“, т.е. заборавен од трагичниот факт дека ние сме направени од распадлива материја. Смртта е реалност која постојано нѐ држи под контрола, таа е онаа реалност која ни се заканува цело време и која, на крајот, ќе нѐ победи; колку и да се трудиме да ја заборавиме, да ја отстраниме, да ја иронизираме, да ја оддалечиме со илјада патетични трикови, колку и да се правиме лоши затоа што се плашиме (спр. Евр 2,15), на крајот смртта ќе дојде! Еден вистински процес на ослободување тогаш треба да нѐ води пред нејзиниот ужас, бидејќи ако бидеме ослободени од сѐ, а не и од смртта, ќе нема смисла и слободата нема да биде вистинска слобода.

Во оваа „Лазарова“ сабота нашето великопосно патување ни го покажува Исус кој изговара еден збор на животот, не за да ја спречи смртта, туку тоа што се наоѓа во смртта.

Приказната за Лазар започнува всушност со Исусовото одложување да оди кај болниот пријател; всушност Исус не е заинтересиран повеќе да прави „чудо“ кое ја избегнува смртта, туку Исус го интересира да докаже дека е способен да нѐ достигне и да нѐ спаси од смртта. Смртта на Лазар е за живот затоа што само ако се премине преку смртта може да се дојде до воскресението. Лазар, за да биде знак кој Исус сакаше да ни го даде, не требаше да биде поштеден од гробот и од неговиот ужас, туку требаше да слегне; всушност таму е, каде Спасителот треба да оди да бара. Во претходната глава од Евангелието според Иван, Исус рече дека е добриот Пастир кој ги вика своите овци по име и тие излегуваат (спр Ив. 10, 3), и таму се претставува како оној пастир кој е дојден за да имаат неговите овци живот и имаат изобилство (спр. Ив 10, 10); еве сега овде има една сакана „овца“ која е плен на смртта и која е заглавена во сенката на гробор; Лазар, саканиот пријател е оваа „овца“ и Исус ќе го направи оваа што рече: ќе го повика да излезе надвор и викајќи го по име ќе му даде живот.

Овој знак на Лазар за четвртиот Евагелист е еден голем знак затоа што Исус лице в лице се среќава со смртта…  тоа е голем знак затоа што ја претекнува оваа средба која ќе се случи на крајот од Евангелието и кога смртта ќе биде проголтана од победата (спр. 1Кор 15,54) (…)

Последната недела од Великиот пост ни го покажува Божјиот Син кој плаче врз нашата смрт и ова нѐ исполнува со надеж затоа што нашите солзи се мешаат со неговите; исто така и ние плачеме над смртта на оние кои ги сакаме и над нашата и слушањето го Исусовиот плач ни дава голем дар: Божјата придружба во нашиот плач.

Приказната за воскреснувањето на Лазар навистина е една голема најава за Исусовото слегување во адот за да го бара оној Адам кој паѓа во смртта секој ден.

За да ни даде екстремен знак, Исус оди да го бара Лазар во неговата смрт и од оној момент, во Четвортото Евангелие“, знаците престануваат затоа што конечно се стигнува до оној на кој сите знаци укажуваа: тајната на смртта и воскресението Исусово. Тоа е часот во кој Исус ќе слегне во смртта за да нѐ бара, ќе слегне во темната долина на нашите чекори за да нѐ води назад кон светлината (сп. Пс 23,4).

Марта и Марија се придружувани од Исус за овој голем знак кој се одвива пред нивните очи и за да го прифатат би требало да научат да не го тргнуваат погледот од Лазар и од неговиот празен гроб и би требало да го насочат кон Исус и само кон Него: Јас сум воскресението и животот. Кој верува во мене дури и ако умре тој ќе живее! Како и обично Евангелието бара од нас да го насочиме погледот кон Него. Излезот од темнината и од сенката на смртта е можно само преку „виталната проврзаност со Него“. Дали веруваме во тоа?

Последното конечно прашање од овој Велики пост е токму ова: Дали веруваме? Дали имаме доверба во овој пат во кој е можно да ја доживееме Пасхата со Христос распнувајќи го стариот човек и давајќи му простор на новиот човек, без илузии да го прескокнеме неговото страдање и неговото умирање

Воскреснувањето на Лазар, според Евангелието, Исус ќе го чини живот (сп. Ив 11, 47; 12, 10). И така е: да се бориш со смртта „чини живот“ и кој се прави Исусов ученик треба да го има тоа на ум. Секој Исусов ученик треба да каже, без арогантното, но кревко однесување на свети апостол Тома: Да одиме и ние да умреме со него!

Нека овој Велигден биде едно одење за да се умре со Него, не заради љубовта кон смртта и страданието, туку заради љубовта кон животот кој нема таква ниска цена; да биде едно храбро преминување преку смртта кога Христовиот глас ќе го повика нашето име викајќи да излеземе надвор и да се ослободиме од неа!

Манастир од Рувијано/З.А.

Категорија: Вера, Духовност

За авторот