Дваесет и осми ден: Привилегирана душа на Пресветото Срце
По примерот на возљубениот ученик, кој на Последната вечера се навали на градите на Спасителот и оттаму се учеше да љуби, побарај од нашиот Господ дозвола во текот на денот Неговите божествена прегратка да биде твое духовно прибежиште.
Затоа, за време на молитвата и светата Причест, внимателно слушај ги тајните на Божественото Срце. Размислувај за Неговата љубов што им се дарува на сите луѓе, а особено за заповедта на взаемната љубов: „Љубете се еден со друг, како што Јас ве возљубив вас!“
Како плод на тоа размислување, испитај се дали навистина го љубиш својот ближен како самиот себе: дали свесно го оправдуваш и му простуваш на ближниот, дали застануваш во негова одбрана; со еден збор, дали си подготвен да се предадеш себеси за ближниот и така да го правиш она што го направи Исус.
Тогаш ќе разбереш дека сè уште си себичен и исполнет со самољубие, и дека си далеку од тоа да бидеш сличен на Спасителот. Затоа понизи се пред Него и вети Му дека ќе го утешуваш Неговото прекрасно Срце преку целосно покажување љубов кон својот ближен.
Господи, допушти ми, како свети Иван, да ја учам науката на божествената љубов на Твоето Срце!
Кармел-бси/к.мк

