Слово на животот: За да бидат сите едно (Иван 17,21)
Со оваа најискрена молитва Исус за последен пат му се обраќа на Отецот. Знае да моли за она што му е најмногу при срце. Бог имено, го создаде човештвото како свое семејство со кое ги дели сите добра, па и својот Божествен живот. Што посакуваат родителите за своите деца ако не да се љубат, да си помагаат и да живеат едно за друго? Има ли поголема болка од онаа да се видат како се поделени заради љубомора, материјални интереси што оди до таму тие да не разговараат меѓу себе? Бог отсекогаш го замислувал своето семејство обединето во заедништвото на љубовта на децата кон Отецот и взаемно.
Од самите почетоци, историјата ни зборува за драмата на гревот и постепеното растурање на човечкото семејство. Во Првата Книга Мојсеева читаме како човекот ја обвинува жената, Каин го убива својот брат, Ламех се фали со својата одмазда, Вавилонската кула доведува до разретчување и раздвојување на народите. Божјиот план се чини дека пропаднал.
Тој сепак не се откажува, туку продолжува да работи на обединување на човечкото семејство. Историјата одново почнува со Ное, со изборот на Авраам и со појавата на избраниот народ. Потоа продолжува сè додека Бог не одлучи да го испрати Својот Син на земјата, доверувајќи му големо послание: да ги поврзе разединетите деца во едно семејство, да ги собере изгубените овци во едно стадо, да ги сруши ѕидовите кои ги раздвојуваат скараните народи, за да создаде единствен нов народ.
Бог не престанува да сонува за еднинство. Заради тоа Исус го бара како најголем дар кој може да го измоли за секој од нас: Те молам, Оче
„За да бидат сите едно.“
Секое семејсво ги носи обележјата на родителите па така и она кое Бог го создал. Бог е љубов не само заради тоа што ги љуби своите созданија, туку е љубов во самиот себе, во взаемноста на дарот и заедништвото на секоја од трите божествени Личности.
Кога го создавал човештвото, го обликувал на своја слика и прилика, па во него ја втиснал и својата способност за воспоставување на односи, за секоја личност да живее во взаемно себедарување. Целосната реченица од Исусовата молитва што сакаме да ја живееме овој месец гласи: „За да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно.“ Примерот на нашето единство не е ништо помало од единството помеѓу Отецот и Синот. Тоа е така возвишено што се чини невозможно. Сепак, потребно е заради она како што исто така значи затоа што: можеме да бидеме обединети како што се обединети Отецот и Синот, токму затоа што нас нè вклучува во своето единство, ни го дарува.
„За да бидат сите едно.“
Исусовото дело е токму ова: да направи од нас едно, како што е Тој едно со Отецот; едно семејство, еден народ. Затоа Исус стана еден од нас, ги зеде сите наши поделби и наши гревови, приковувајќи ги на крстот. Тој самиот покажа на патот кој ќе го помине за да нè доведе до единство: „И кога Јас ќе бидам издигнат од земјата, сите ќе ги привлечам кон Себе.” Како што претскажа големиот свештеник, „Исус ќеумре[…]за да ги собере заедно растурените чеда Божји.” Во таинството на страданието и воскресението, „да соедини сè под една глава“повторно го воспоставил единството нарушено со гревот, го обновил и го собрал семејството околу Отецот, па повторно станавме браќа и сестри.
Своето послание го довршил. Останува нашиот дел, нашето прифаќање, нашата согласност, со помош на неговата молитва:
„За да бидат сите едно.“
Кој е нашиот придонес во исполнувањето на оваа молитва?
Пред сè да ја усвоиме. Можеме да му ја позајмиме устата и срцето на Исус за да подолжи да му ги упатува овие зборови на Отецот и секој ден со вера да ја повторува својата молитва. Единството е дар Одозгора, треба да се бара со вера притоа никогаш не заморувајќи се.
Тоа мора секогаш и постојано да биде на врвот од нашите мисли и желби. Ако тоа е Божји сон, сакаме да стане и наш. Од време на време, пред секоја одлука, секој избор, секое дејствување, можеме да се прашаме: служи ли тоа за градење на единство? Дали е тоа најдоброто што можеме да го направиме за единството. Ќе мораме конечно да одиме таму каде што неединството е највидливо и да го земеме врз себе, како што тоа го правел и Исус. Тоа може да бидат несогласувања во семејството или во луѓето кои ги познаваме, напнатости во нашето соседство, несогласувања на работното место, во парохијата, меѓу црквите. Не смееме да ги заобиколуваме судирите и недоразбирањата, да бидеме рамнодушни кон нив, туку да внесуваме љубов, со слушање, внимание, со споделување на болката што произлегува од тие рани.
А пред сè треба да живееме во единство со оние кои се подготвени да го делат Исусовиот идеал и неговата молитва, не придавајќи важност на недоразбирањата и на различноста на мислењата. Треба да бидеме позадоволни со „помалку совршени во единството“ туку со „посовршени во неединството“. Прифакајќи ги со радостразличностите, и уште повеќе гледајќи ги како збогатувањена единството, кое не смее да се сведе на едноличност. Да, тоа понекогаш ќе нè стави на крст, но токму тој пат Исус го избрал за да го обнови единството на човечкото семејство и ние сакаме да го изодиме со Него.
Фабио Чијарди