Францукиот претседател Макрон до француските бискупи

Францукиот претседател Макрон до француските бискупи

„Да се биде свесно слеп на духовната димензија која католиците ја внесуваат во својот морален, интелектуален, семеен, професионален и општествен живот, значи да се осудиш самиот себе на делумен поглед на Франција“.

Францускиот претседател Емануел Макрон во своето обраќање до француските бискупи оваа недела ја нагласи важноста од вклучување на католичкиот глас во политичките дебати, особено кога се работи за биоетички теми.

„Она на кое што вечерва ве повикувам е политички да се вклучите во нашата европска дебата, бидејќи вашата вера е делот што му треба на оваа расправа“, рече Макрон, предупредувајќи дека „тоа што ја погодува нашата земја… не е само економската криза, туку релативизмот, па дури и нихилизмот.“ Нашите современици треба, било да веруваат или не, за човекот да слушнат од друга перспектива, а не само од материјална“, продолжи францускиот претседател. „Тие мораат да ја изгасат другата жед, жедта за апсолутното. Тука не се работи за обраќање, туку за глас кој заедно со другите, сѐ уште се осмелува да зборува за човекот како за жив дух.„ Во својот говор претседателот на земјата кој често се истакнува како предводник на секуларизмот, го изрази ставот дека „целта на секуларизмот не е од општеството да ја искорени духовноста која ја негуваат нашите бројни сограѓани.“

„Да се биде свесно слеп на духовната димензија која католиците ја внесуваат во својот морален, интелектуален, семеен, професионален и општествен живот, значи да се осудиш самиот себе на делумен поглед на Франција; тоа би значело да се занемари оваа земја, нејзината историја, нејзините граѓани. Да се биде рамнодушен кон тоа, би значело да се отстапи од мојата мисија”, рече Макрон чиј говор доаѓа во време на дебатата за законските измени поврзани за биоетика. Според зборовите на францускиот новинар Жијом Жорден де Тиули, со наведените измени би требало да се озакони евтаназијата и вештачкото оплодување за жените кои живеат сами и лезбејските парови. Со оглед на тоа, вреди да се спомене дека актуелниот претседател за време на својата кампања го поддржа проширувањето на францускиот закон кој во моментот вештачкото оплодување го дозволува само на хетеросексуалните парови.

Понатаму, во својот говор, Макрон ја пофали Црквата и нејзиниот допринос во општеството, во заштитата на болните, напуштените, ранливите, онеспособените, без разлика на нивната етничка и верска припадност, и нагласи дека за него е важно да ја поправи нарушената поврзаност помеѓу Црквата и државата.

Претседателот на Француската бискупска конференција и надбискуп од Марсеј Жорж Понтие, во засебен говор се осврна на темите за кои говореше францускиот претседател, давајќи посебен нагласок на прашањето за евтаназија, прашувајќи:“„Може ли чинот на убиство да се опише како заштита?“

На крајот гледаме дека говорот на Макрон интересно е да се испита во контекст на вчерашната парламентарна дебата околу Истанбулската конвенција во која, помеѓу останатото, можеше да се слушне и бизарниот коментар на застапникот Бојан Главашевиќ кој се чини дека би го ускратил правото на верските застапници да ги земаат во обзир зборовите на хрватските бискупи бидејќи тие не добиле ниеден мандат на парламентарните избори. Судејќи према тоа, се чини дека некои застапници ја сонуваат Хрватска како светски предводител на радикално сфатениот секуларизам. (…)

Битно нет/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот