„Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!“ (Матеј 5,9)
Во своето Евангелие Матеј започнува излагање за Исусовото проповедање со изненадувачко навестување на блаженствата.
Во нив Исус ги нарекува блажени, т.е. целосно среќни и остварени, сите оние кои во очите на светот се сметани за губитници или несреќници: бедните по дух, тажните, кротките, гладните и жедните за правда, чистите по срце, миротворицте.
На нив Бог им давам големи ветувања: Тој ќе ги насити и ќе ги утеши, ќе бидат сопственици на земјата и на неговото царство.
Тоа е вистинска културна револуција. Таа ја менува нашата често затворена и кратковидна визија според која сите тие категории на личности се невидливи и незначајни во борбата за моќ и успех.
„Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!“
Според библиското сфаќање мирот е плод на Божјото спасоносно дело, што значи пред сѐ е Негов дар. Мирот е знак на самиот Бог кој го љуби човештвото и сѐ создадено со татковско срце и за сѐ има свој план за слога и склад. Затоа оној кој се залага за мир покажува одредена сличност со Него, како син.
Кјара Лубик пишува: „Миротворец може да биде оној кој поседува мир во себе самиот. Треба да биде миротворец пред сѐ со неговото однесување во секој момент, живеејќи во склад со Бог и со неговата волја. […] ‘тие ќе се наречат синови Божји’. Да се добие име значи да се стане она што со тоа име се изразува. Павле го нарече Бог ‘Бог на мирот’ и поздравувајќи ги христијаните им говорел: „Бог на мирот нека биде со сите вас“. Миротворците ја искажуваат својата роднинска врска со Бог, делуваат како деца на Бог, сведочат за Бог кој […] го втиснал во човечкото општество редот чиј плод е мирот“[1]
Живот во мирот не е само отсутност на конфликт; не е ниту тивко живеење со одредени отстапки кон вредностите, за да бидеме секогаш прифатени. Тоа е целосно евангелски начин на живот кој бара храброст и определување против струјата на светот.
Да се биде миротворец значи пред сѐ да се создаваат прилики за помирување во соспствениот живот, на сите нивоа: пред сѐ со Бога, а потоа со луѓето околу себе: во семејството, на работа, во училиште, во парохијата и во заедниците, во општествените и меѓународните односи. Затоа тоа е одлучувачка форма на љубовта кон ближниот, големо дело на милосрдие кое ги оздравува сите односи. Момчето Хорхе од Венецуела, токму тоа одлучи да го нарави во своето училиште: „Еден ден, при крајот на последниот час, забележав дека моите пријатели од училиштето се подготвуваат за протест. Во таа прилика имаа намера да се служат со насилство, палејќи автомобили и фрлајќи камења. Веднаш помислив дека тоа однесување не е во согласност со мојот начн на живот. Затоа им предложив да го напишам првото писмо на управата на училиштето и така на поинаков начин да го изразиме истото тоа што тие сакаа да го постигнат со насилство. Се состанавме и писмото му го предадовме на директорот“
„Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!“
Во ова време се покажува особено ефикасно да се промовира дијалогот и средбата меѓу личности и групи, различни според историјата, културната традиција, ставовите, покажувајќи почитување и прифаќање пред таа различност и богатство.
Како што рече папата Фрањо: “Мирот се гради во различностите…А поаѓајќи од тие различности учиме од другите, како браќа… Еден е нашиот Отец, ние сме браќа. Да се љубиме како браќа. А ако меѓусебно водиме расправи, да го правиме тоа како браќа, кои веднаш се помируваат, кои секогаш остануваат браќа.“ [2]
Можеме да се заложиме и со запознавање на иницијативата за мир и братство според кои нашите градови веќе станаа поотворени и похумани. Да се погрижиме за нив и да им помогнеме да растат. Така ќе придонесуваме за оздравување од расправии и конфликите во нив.
Летиција Магри
[1] Сп. C. Lubich, Širiti mir, Città Nuova, 25, [1981], 2, str. 42-43;
[2] Сп. Поздрав на Светиот Отец на средбата со верските заедници и поглавари во Мјанмар на 28 ноември 2017.