За почетокот на објавите во Фатима

За почетокот на објавите во Фатима

За да го олесниме редоследот на објавите на Пресвета Богоридица во Кова да Ириа (Фатима) ќе ги потсетимечитателите на некои поединости и околности.

Една година пред да се објави Пресвета Богородица (1916) децата виделе ангел, кој им се претставил како ангел на мирот. Очигледно се работело за подготовка за големи настани кои се приближувале. Ангелот им открил изворедна милост: „Пресветото Срце Исусово и Мариино имаат со вас посебни накани. Постојано принесувајте на Бог молитви и жртви!“

Заедно со овие вести ги учи да молат и им толкуваат во што се состои трпењето.

Децата ги следат упатствата на ангелот не насетувајќи што доаѓа после тоа. Како што е познато, биле три деца: Луција (10 години), нејзиниот братучед Фрањо (9 години) и нејзината братучетка Јацинта (7 години). Не знаеле ниту да читаат ниту да пишуваат, но рано научиле да молат и да се жртвуваат во секојдневното училиште на сиромашните семејства, кои живееле христијански живот. Пресвета Богородица ги избрала слабите и неуките за да се остварат Исусовите зборови: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил тоа од мудрите и разумните, и си го открил на младенците“ (Мт 11, 25)

На 13 мај 1917 година спомнатите деца ја доживуваат првата објава на Пресвета Богородица. Тој чудесен настан се повторил шест пати, секој тринаесетти во следните шест месеци.

Уште со првата објава е очигледна посебноста на улогата на децата. Луција е единствената која разговара со Пресвета Богородица, Јацинта ја гледа и слуша, а Фрањо само ја гледа. Затоа Пресвета Богородица ѝ напоменува на Луција и на нејзината братучетка да му ја кажат на Фрањо содржината на разговорот. Ова подобро ќе се разбере од одговорот на Пресвета Богородица (за време на втората објава) Луција кога ја молела:

„Би сакала да Те замолам сите тројца да нè земеш во небото.“ „Да, Јацинта и Фрањо брзо ќе ги земам – гласи одговорот на Пресвета Богородица. – А ти уште долго ќе мора да останеш на земјата. Исус сака со тебе да се послужи, за луѓето да ме запознаат и да ме засакаат. Сака да воспостави во светот побожност кон моето Пречисто Срце.

Така и се случило. Фрањо и Јацинта умираат наскоро по објавите во Фатима. Останува само Луција, како што претскажала Пресвета Богородица. Се засолнува некое време во заводот на монахињите на свети Доротеј, а подоцна – почувствувајќи монашки повик – заминала во Шпанија , во Понтеведра и Туј, каде Редот имал куќа за постулантки и искушенички. Таму останува 21 година.

За тоа време има три објави: во 1925, 1926 и 1929 година. Токму тогаш Пресвета Богородица ѝ ја доверува смислата и начинот за побожност кон нејзиното Пречисто Срце, и изразува желба таа побожност да се објави и рашири по светот. Конечно се враќа во својата Португалија. Сакајќи построг монашки живот влегува во редот на кармелиќанките.

Фрањо и Јацинта имаат кратко време за апостолат. Разбирајќи ја пораката на Пресвета Богородица, тие великодушно ја прифаќаат и ја применуваат во животот… Живеат, работат, трпат и умираат во духот на надоместувањето принесено на Бог за преобраќање и спас на грешниците. Со пример на светец, со разбирање ја поднесуваат недовербата на родителите, претпазливоста на црковните власти и прогонот на тогашните португалски властодршци.

Државни службеници ги испитуваат дење и ноќе, ги затвораат и ги заплашуваат со смрт. Прохристијнаските властодршци најпрво барале децата да ги негираат објавите, а кога не успеале во тоа, ги присилиле да ја откријат содржината на Богородичните предвидувања. Останале со неизвршена работа.

Сепак, сите овие страдања не биле ништо во споредба со страдањата кои Фрањо и Јацинта ги поднесуваат за време на своите долги и тешки болести. Тие маки биле траен испит за нивно преобраќање кое го дале на Пресвета Богородица. Го исполниле со голема верност, смирено и повеќе од примерно, принесувајќи ги своите страдања за преобраќање на грешниците и како надомест на бескрајното Божјо милосрдие.

Тие дале сè од себе, а Бог додал што недостасувало на тие кревки и измачени деца. Предавајќи се целосно на Божјата провидност, тие двајца биле целосно обземени со милоста на непосредна Божја помош. Уште додека биле здрави Пресвета Богородица во една објава им кажала:

„Многу брзо ќе мора многу да трпите, но милоста Божја постојано ќе ве поддржува и зацврстува.“

Биле и останале жив пример на вистината, дека со Бог сè е можно, како што е кажано: „Што не е можно за човекот, можно е за Бог.“

Умираат во атмосфера на светост, исполнувајќи ја верно улогата која им ја довери Пресвета Богородица.

Луција останува единствен сведок за објавите. Бог ѝ наметнува посебна задача, која Пресвета Богородица ѝ ја открива за време на нејзиното образување во Шпанија, поконкретно во Понтверда и Туј.

Се работи за побожноста кон Пречистото Срце Мариино, кое Бог го нуди на човекот и светот како средство за личен вечен спас и како сила за меѓусебно човечко разбирање и мир во светот.

Немирното човечко срце и немирниот човечки род плаче за мир, кој Бог го дава преку својата Мајка, како што го нуди на учениците говорејќи: Мирот свој ви го давам, мирот свој ви го оставам.

Бог е љубов, а љубота раѓа мир. Сатаната е омраза и го раѓа стравот на немирот.

Во својата порака Пресвета Богородица дава потполно јасни упатства. Првиот чекор на спомнатата побожност се состои во помирувањето помеѓу човекот и Бог и човек со човек. Затоа бара редовна и совесна исповед.

Чисто срце бара Господ. Затоа е потребна исповед, која е подоготовка за светата Причест, света Тајна која претпоставува света Литургија, таа најплодна молитва под небото.

И конечно за да се одржи постојан мир, допир и однос со Бог, Пресвета Богородица препорачува молитва и таинствата на Светата Бројаница, која ги содржи основните вистини за Евангелието и верата.

Бог преку Блажена Дева Марија понуди ефикасно средство за спасение и вечна среќа на намирниот човечки свет.

Но, наше е, подготвено со својата душа и срце да одоговориме.

Фатимска порака: Луција зборува/к.мк

Категорија: Вера, Сведоштва

За авторот