Следниот Светски ден на млади ќе се одржи 2019 година во Панама

На крајот од прекрасното евхаристиско славење во Кампот на милосрдието во Краков, завршен настан од Светскиот ден на млади, папата Фрањо официјално објави дека наредниот Светски ден на млади ќе се одржи 2019 година во Панама.

Претседателот  на Папскиот совет за лаици, организатор на Светските денови на млади, кардинал Станислав Рилко се заблагодари на Папата за учеството на Светскиот ден млади во Краков, како и за зборовите со кои ги охрабри младите и им даде надеж.

Папата на пет млади од континентите им даде запалени свеќи, симбол на Христово милосрдие и ги прати во светот да бидат сведоци и мисионери на Божјото милосрдие.

Последната точка од Апостолската посета на Полска е средбата во Таурон арената во Краков со волонтерите на Светскиот ден на млади, членовите н организацискиот одбор и добротворите. Во 18.15 часот е испраќањето на папата Фрањо од аеродромот Балице – Краков.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот