Папата: Семејство надеж за Црквата и светот

Папата: Семејство надеж за Црквата и светот

Папата Фрањо во вечерните часови на 25 август учествуваше на Фестивалот за семејствата на стадиот Крок Парк во Даблин во рамките на IX. Светска средба на семејствата. Двочасовната програма исполнета со музика, игра и сведоштва собра околу 80 .00 учесници од 116 земји.

Папата Фрањо им порача дека семејствата ѝ се неопходни на Црквата и на општеството и како носители на мирот ја претставуваат надежта за Црквата и светот. Родителите ги повика што е можно порано да ги крстат децата затоа што Црквата е семејство на деца Божји и секој треба да се повика на славење. Светиот Отц ги повика христијанските семејства во светот да зрачат со радоста на Божјата љубов. Повикот на љубов и светост се однесува на секој и присутен е насекаде каде што меѓусебно се споделува љубовта, простувањето, милосрдието. Исус живее во семејстата, во едноставноста и сиромаштвото како што тоа го правел во домот на Светото семејство во Назарет, рече Папата. Едноставните гестови на простување се темелот на кој се гради христијанскиот семеен живот и затоа семејствата мора да ги познаваат зборовите извини, те молам и благодарам, порача Папата и ги советуваше семејствата секоја вечер да се помируваат. Нема совршено семејство, но без навиката за простување семејството ќе се разболи и на крајот ќе се распадне. Притоа предупреди и на важноста на заедничката молитва во семејството.

Папата се осврна и на социјалните мрежи, забележувајќи дека сами по себе не се проблематични за семејниот живот. Кога се користат со мерка и се разбира технологијата може да помогне во градењето на мрежа на пријателство, солидарност и взаемна поддршка, рече Светиот Отец, но истовремено предупреди дека виртуелните врски не смеат да се развиваат на сметка на односот од крв и месо.

Посебно повика на користењето на искуствата и мудроста на постарите генерации затоа што општеството кое не ги цени своите баби и дедовци е општество без иднина. На крајот ги повика семејствата од целиот свет да помогнат за да се оствари Божјиот сон. Со сведочењето на Радосната вест може да се помогне во зближувањето на децата Божји за да можат да растат во единството и да учат како целиот свет да живее во мир како едно големо семејство, порача Папата.

Во рамките на програмата, семејства од Ирска, Канада, Индија, Ирак и Африка сведочеа на кој начин семејството им дало надеж, љубов и поддршка во најтешките моменти од животот.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот