Славете Го Исус, а не ноќ на вештерките!!!
Католиците навистина не би требало да слават Ноќ на вештерките, бидејќи нивното внимание е посветено на молитвите кон светците, моделот за христијански живот, но и сеќавање на покојните, па тоа се денови на медитација, мир и спомени, а не маскирани забави и окултизам.
Уште пред празникот на Сите светии некои христијански верници „ќе ги украсат“ своите прозорци и домови со изрезбани и осветлени тикви во облик на демонски лица. Ќе се изнајмат страшни филмови и ќе се ужива во тоа. Сесрдно ќе се соработува со воспитувачите во градинките, во училиштата. Великодушно ќе се отвараат своите паричници за своето сакано дете да има што повеќе крвав костум за приредбата во градниката или во училиштето, за што погласно и полудо во кафулињата да се слави „ноќта на вештерките“ или вообичаено со домашен речник кажано „хелуин“.
За жал луѓето кои сето тоа го поддржуваат всушност често не знаат што прават. Затоа со овој текст сакаме да ги поучиме. „Ноќта на вештерките“ или обичајот за кој зборуваме поттекнува од древните келтски и погански религии и од нивните свештеници – друиди. Тој пагански крвав обред се случувал последната ноќ од октомври. Тогаш друидите убивале мали деца и ги принесувале како жртва на својот бог мртви. Доколку едно семејство доброволно само на друидите не го предаде своето детенце, тие ги убивале останатите членови на семејството. Во тоа дамнешно време старите народи со практикувањето на таквите обредни убиства сееле страв по делови од Англија, Ирска и Шкотска.
Споменот на таквиот обред денес наивни или непоучени луѓе на истиот ден го слават денес во Ирска, Америка, Австралија, Нов Зеланд – а за жал и во нашата прекрасна татковина Македонија н.з.. Ние Македонците обично сме горди на својата христијанска вера со повеќевековната културна традиција и демохристијанските начела. Затоа е тешко да се сфати колку сме наивни: со своето подлегнување на „странски“ примери веднаш и со задоволство го жртвуваме најпрво својот идентитет, а потоа и она што ни е најмило – своите деца. Секоја тиква на прозорецот, секоја прослава на ноќ на вештерките всушност ја велича смртта, убиството и злото. Славењето на наведените обреди грубо наштетува на душата на оние кои учествуваат во тоа, а тоа се нашите деца и младите. Наместо да им го асфалтираме патот до животот, ние ги учиме да се поклонуваат на богот на смртта.
Родителот денес како поединец може да биде неук, неупатен и несовесен. Но, оној кој е верник христијанин кој е повеќе упатен и кој повеќе знае нема право да биде несовесен, да биде наивен. Инаку настанува пропуст. Тој пропуст може да го прави и родител – верник, вопитувач, учител или вероучител. Пропуст можеби прави дури и свештеникот за парохијата кој како морален авторитет на својата заедница секоја година повторно не протолкува што во сето тоа е добро, а што зло.
Секако било какво решение не е во тек со народната констатација дека „ноќта на вештерките“ ја празнуваат многумина од нас. Никаква утеха нема во тоа да констатираме дека тоа го прават и нашите најдобри соседи и познаници. Ако некој човек е навистина верник, тој би требало секогаш и насекаде да биде заговорник на доброто, борец за достоинството и квалитетот на телесното, а најпосле на духовното и душевното здравје. Живееме во свет кој обликува декларативни правила, слободи и можности за уважување на другото и поинаквото. Кога читаме или слушаме за себе и за правилата кои сме ги изгласале, помалку и самите не веруваме во таквата бајка. Во нашиот реален живот се трудиме децата да ни се најмили и најважни. Нив затоа ги штитат законите, уредбите, конвенциите, организации, правобранителства… во нашите закони дури е запишано дека родителот има право да ги воспитува своите деца согласно своите морални и верски начела. Зошто тогаш дозволуваме лошото општество постојано да ни го краде нашето родителско право? Зошто никако не успеваме да најдеме малку време и заедно со своето дете да поразговараме за тоа што е добро, а што е зло? Зар навистина не знаеме на своето дете во топлината на семејниот дом да му објасниме што е тоа празникот на Сите светии и што е задушница? Зарем по обичај и понатаму наивни ќе мислиме како тоа наместо нас ќе го одбработат некој друг?
СЛАВЕТЕ ГО ИСУС, А НЕ НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ!!!
Фра Звијездан Линиќ/ меѓугорје – инфо/к.мк